Животни

Јасно изразена воља
18 Јануари 2017

Сложно, масовно и организирано, така се настапува кога се оди на улица! Останува само навивачките медиуми да излицитираат околу бројката. Повеќе

Се знае „за кога“
18 Јануари 2017

Има една анегдота од тоа работните акции по Југославија дека Македонците редовно заебувале една тогаш стандардна парола. На прашањето поставено на српски („За кога?“) наместо исправното „За Тито!“, одговорале по нашки, па здружено извикувале „За сега!“ Повеќе

Зоолошки радости
13 Јануари 2017

Многу е поедноставно да му се радуваш на снегот кога ги немаш стандардните инфраструктурни проблеми и кога не е проработена кенкавата страна во тебе. Едноставно убаво ти е што сè е во снег. Повеќе

Неудобно ви е некако?
15 Декември 2016

Решете се од тоа чувство како јастог. Тој успева да расте само благодарејќи на тоа чувство на нелагодност и притеснетост. Да имаше јастогот доктор, ќе му дадea валиум. И никогаш немаше да порасне. Повеќе

Маалска планета Земја
4 Декември 2016

Како би звучела сцена од Бибисиевата Planet Earth 2 кога нејзиниот наратор Дејвид Атенбороу би бил некој што поради уличниот речник никогаш не би можел да добие благородничка титула. Повеќе

Зборете ми за другарство
2 Декември 2016

Космички хепиенд на приказнава е двајцата да бидат заедно посвоени. Повеќе

Човекот и соколот
14 Ноември 2016

Во онаа поговорка "И волкот сит и овците на број" мора да постои и некоја жртва која ни ја кријат. Повеќе

Најневеројатната документарна снимка во историјата на документарците
8 Ноември 2016

Кога го најавија вториот серијал од Планета Земја, општото расположение беше: нема нешто подобро да состават од кецот, ама барем ќе има нови снимки со тој квалитет (кој и онака е нечовечки висок). Наспроти вака неамбициозните очекувања, двојката од Планета Земја изгледа е следното ниво во документарците за природата. Повеќе

Таму крави, овде волови
3 Ноември 2016

Лежат по улица, дозволуваат да газат преку нив и - среќни се. Македонија до Индија! Повеќе

Животните кои веќе ги нема
27 Октомври 2016

Ретки филмски снимки (и подолг список) со животни кои се веќе истребени. Се чини дека човекот може сè живо на светов да истреби, освен стоката во своите редови. Ако не ви се верува, пројдете 15 минути читајќи некоја фејсбук кавга.   Повеќе

Не е вест кога куче лае на човек
18 Септември 2016

Вест е кога човек лае на куче. Добро, не е вест, видео е. После кое некогаш ќе се зезнете и ќе се пробате со дога. Повеќе

Кој го тоа направи?
26 Август 2016

Лесно се води истрага кога имаш осомничени со грижа на совест. Со џукели на две нозе истово би одело многу потешко. Повеќе

Колку е жешко во Саудиска Арабија?
19 Јули 2016

Видеото личи на наш човек кога се враќа дома од работа. Повеќе

Како луѓето се чувствуваат насабајле?
28 Јуни 2016

Како волци! Гладни и орни, спремни за нов ден, за нов лов, за нова потрага по возбуда... Имаме видео. Повеќе

Во ниедна градинка не успеало ова
4 Јуни 2016

Дузина кучиња, чекаат мирно да бидат викнати по име за да тргнат на јадење. Повеќе

Генијален начин за спас на пчелите
12 Мај 2016

Ајнштајн своевремено предупреди: "Ако планетата ги изгуби пчелите, луѓето ќе изумрат во следните 4 години". А натаму оди работата, главно заради  уништувачкиот ефект на паразитот Вароа против кој човекот досега неуспешно проба разни хемикалии и киселини. Но, се чини, сме му доакале на гадот, на прилично чист и елегантен начин: да му направиме потопло отколку што му е ќеиф. Повеќе

За бубачките што 17 години беа под земја
2 Мај 2016

Инсективе (Cicada) еднаш во 17 години излегуваат од под земја, живеат меѓу две и шест седмици на површина и умираат. За да не си губат време за глупости, Џон Оливер им направи мини апдејт за тоа што го пропуштиле овие 17 години. Последен пат беа излезени во 1999-та. Повеќе

Кога лавицата ти памти
7 Април 2016

Лавицата се вика Сирга, човекот се вика Валентин. Пред неколку години Валентин ја има најдено Сирга истоштена и на неколку часа пред умирање. И става ифузија која е мешавина од крем, млеко, јајца и витамини. Двајцата одамна се немаат видено. Повеќе

Не е само каменот што од блиску доаѓа
1 Април 2016

Ако денов ви е тргнат на лошо, пуштете си го видеото, тек да видите дека секогаш може полошо. Повеќе