За рамен стомак потребно ви е јаже

Не, не за да се обесите. Затоа што знаете да мамите со последното копче од панталоните, ќе си се врзете со сиџимка и ќе си терате.

Оваа супер лесна алтернатива на пеколните вежби за рамен стомак ја нуди американката физиотерапевтка Семи Марго. Цаката е несвесно да ги стегате мускулите кои по некое време треба да станат поцврсти и да не изгледате како станат а легнат полицаец.

За да ја најдете идеалната позиција на јазолот, не треба да си го пуштате стомакот колку што ви е долго јажето. Треба стомакот да го вовлечете најмногу што можете и потоа да го отпуштите околу 50%, бидејќи на човек некогаш му треба и воздух да земе. Тука врзувајте, јако, само јако! И фрлете му се на бурекот а мешето би требало да прави ц'ц - ц'ц и да затега мускули кога јажето ќе почне да сече. 

Ако ова не ви е доволно глупо, пробајте ја јапонската финта, со правење осмици со пешкир. Со оваа вежба се топело страничното сало како реактор во Фукушима.

26 април 2017 - 11:21