Забава

Драг ни е Борат, ама, Али Џи
28 Мај 2017

Една видео компилација нè потсети зошто Али Џи е нашата омилена инкарнација на Саша Барон Коен. Во своите интервјуа тој користи една контра - аикидо техника, противникот не го победуваш со помош на неговата сила туку со помош на својата (радикална) глупост. Повеќе

Каков прекрасен цреп
23 Мај 2017

Сосема е можно овој младоженец да е обичен дебил и од сељачки мотиви да сака да покаже која е тука главен, ама, ваков дриблинг (и шеретскиот потег потоа) немаме видено уште од Милош Шестиќ.  Повеќе

Ректум опус
22 Мај 2017

Стварно немаме појма како да го оправдаме објавувањето на следнава содржина освен дека нам ни е тотално урнебесна! Ве молиме, не се откажувајте по првите звуци. Уметноста бара жртви. Повеќе

Советско диско на отворено
21 Мај 2017

Годината е 1989-та. Од една страна на железната завеса Лени Кравиц и Стоун роузис ги издаваат своите деби албуми, на рипит се вртат „Like a Prayer“ на Мадона и „You Got the Look“ од Роксет, Нил Јанг и Дилан прават камбек албуми, Ред хот од четврти пат успеваат да влезат во листата топ 100, Квин си грмат, Бисти Бојс си газат а разгалената западна младина во задимени клубови полни со алкохол и дроги ги слуша овие музики. На другата страна на завесата, вака: Повеќе

Јосипа Лисац: Пицата и смислата на животот
14 Мај 2017

Ќе ви дојде да направите паралела и да помислите кој од нашава сцена има во себе таков материјал (дух, лежерност и куроболие) на телевизија да раскаже една ваква блесава приказна на која Данил Хармс би станал и би аплудирал. Немојте џабе да се мачите. Повеќе

Попишувачот
11 Мај 2017

Дур си напишал на хартија „Правиме попис“ за да го залепиш на врата од дуќанот, пописот завршил. А може па само нè шеба. Повеќе

Автомобилски проблем што се решава на адвокат
10 Мај 2017

Човеков на враќање од ручек од кај родителите на сопругата на сред пат забележува дека колата му прави некаква галама. Се уште не е познато дали овој проблем го има само во оваа кола или и во другите возила. Повеќе

Гравитацијо, и на астронаут си му тешка
10 Мај 2017

Морепловците имаат проблем со рамнотежата кога после неколку месеци на море ќе стапнат на цврсто тло. Слично е со астронаутите кога после долго време ќе ја почувствуваат гравитацијата на родната планета. Повеќе

Дејли шоу, генерација "Џорџ Буш"
10 Мај 2017

Стивен Колбер во емисија ги собра колегите и шефот од едно поубаво време, кога се расправаа со Џорџ Буш, неговите бушалашитини и војната во Ирак. Повод, чисто да се видат и малку да здивнат од сегашноста. Повеќе

Добриот глас високо се слуша
8 Мај 2017

Ги знаете оние Talking (Том, Карл, Анџела, Џинџер...) зезалици за телефон, кога анимацијата го повторува она што со го кажал, само со повисок тон. Ама, лесно им е со човек. Кога ќе ги споиш со рамен на себе, тогаш настанува вистинска, неподнослива дебата. Повеќе

Вежбањето е штетно за сите (според Онион)
6 Мај 2017

Тоа што ова е комплетно неточно, сатирично видео составено од Онион, не треба ни најмалку да ве демотивира да го прифатите како безпогрешно точно ако ви се бендисува што се кажува во него. Повеќе

Тамб ап за трикот со палецот
1 Мај 2017

Таман човек ќе научи бар едно трикче за фасцинирање мали деца, ќе сфати дека ја знае само најлесната верзија на трикот. Повеќе

Попустот го претвора човекот во магаре
30 Април 2017

Авто-пазар во Денвер понуди ваква распродажба: за 59,99 долари можеш да земеш сè што сам можеш да понесеш. Повеќе

За рамен стомак потребно ви е јаже
26 Април 2017

Не, не за да се обесите. Затоа што знаете да мамите со последното копче од панталоните, ќе си се врзете со сиџимка и ќе си терате. Повеќе

Тркало во аптека
26 Април 2017

Неочекуван прекин на мирен деловен состанок во една турска аптека. Којзнае дали зборувале за „висок притисок“„колената ме вртат“ или „ѕиваната не ми држи како порано“. Повеќе

Истерувачи на Спирсови
22 Април 2017

Доколку синот се навлекол на трикотажна поп музика, на мајката ѝ остануваат ограничен број (радикални) опции. Повеќе

Излезете во светот и заебете прекрасно
18 Април 2017

Ексцентричниот режисер има книга со совети, слична на оние што се подаруваат за родендени и денови на вљубените. Само што неговата се вика „Правете проблеми“. Вотерс е прилично квалификуван на оваа тема за да ги потсети младите дека овој сјебан свет е нивна одговорност. Но, тоа не значи да им тераат инает на родителите. Тоа е прелесно. Тоа значи да одберат некој постар и покул од школо и него да го пореметат. Повеќе

Примете го, побогу!
11 Април 2017

Па и да не знае колку што знае, овој се прима на работа! Макар само за да ти зборува како Апу од Симпсонови и да ти мрда со тоа главата како оние кученцата во кола што се ставаат. А вешт е, иако првпат е на Спајк. Повеќе

Дебатата е од рајот излезена
11 Април 2017

Сочна колекција од скандали на дебатни емисии кај Арапиве. Фаќања за гуша, кршење сценографија, мавање со чаши и слични полемични потези. Интересно е што исто како на нашиве, и на нивните сељачишта една од најкористените фрази им е „ќе го избришам подот со тебе“. А имаат и трол која ја ремети нивната Алачки.  Повеќе

Казна за фрлена цигара
11 Април 2017

Кај нас е 50 евра па се расправаш со цајканот и сл. А може и вака, без расправии а извршител на казната да биде насобраниот метан во канализацијата. Повеќе