Спорт

Фудбал на пијано
23 Ноември 2016

Не на пијано, на камен пијано! Иако минималниот услов е еден промил, овие спортски ентузијасти прописно се направија ќофте пред да фатат топка. А судиијата е со дрегер за дување, за да пресуди дали некој гол е постигнат со регуларно количество на алкохол во крвта. Една утакмица на овие ајвани со македонската репрезентација би била резултатски крајно неизвесна. Повеќе

Кога на Русин му е досадно
7 Октомври 2016

Александар Емелијаненко, брат на најфасцинантниот борец на сите времиња Федор (кој исто ја има таа "ич нејќам да те тепам, ама кога сме веќе овде" фаца) против еден напнат противник со опасен изглед. Повеќе

Пинг-понг глобтротери
19 Септември 2016

Пинг-понг е еден од оние спортови каде успехот е составен од 50% талент и 50% да си Кинез. Овие скроз ги имаат покриено двете ставки, плус имаат додадено неброени часови вежбање. Повеќе

Девојката која тврди дека е побрза од Усеин Болт
15 Август 2016

Не само што оваа маскирана плавуша мисли дека е побрза од Болт туку е убедена дека може да истрча 100 метри за 7,5 секунди. Нејзиниот проблем не е што не ја разбира брзината туку што не ја разбира должината. А за тоа веројатно се виновни нејзините дечковци кои којзнае колкупати ја излажале на таа тема. Повеќе

Движења што веќе не се дозволени во гимнастиката
10 Август 2016

Две се на Олга Корбут, едно е на Елена Мухина, и едно на Нели Ким (и тоа е во видеово, а има и други). Заедничко за сите, е што одговорните за гимнастика одлучиле дека движењата се премногу ризични за изведување. Кога ќе го изгледате видеото, ќе забележите дека фразата "премногу ризични" никогаш не изледала така недоволна како во ситуацијава. Повеќе

Брaќа Филипинци, па и не мора да се учествува
5 Август 2016

Ако како скокач во вода изгледаш како да си изненаден кога ќе ја допреш водата, тогаш батали и репрезентација, и Кубертен, и важно е да се учествува, сигурно ќе има нешто друго што да се прави. Повеќе

Бајката Исланд
1 Јули 2016

Логика која држи без разлика дали си 300.000 народ или 2 милиони: не сме големи, ама можеме да подаваме топки, можеме да се браниме како тим, и можеме да даваме голови. Другото го знаете. П.С. Една од причините зошто до сега ништо не направиле во фудбал, немале асални игралишта. Повеќе

Исланд се сака и во 94-та минута
23 Јуни 2016

Ова што ќе го чуете е исландскиот коментатор од вчерашниот пренос од натпреварот меѓу Исланд и Австрија. За тие што не се запознаени, Исланд во 94-та минута дадоа гол со кој одат во осмина-финале, без голот, имаше шанси само дома да одат. Повеќе

Веројатно најбрзиот пит-стоп во историјата на Ф1
21 Јуни 2016

Ај види што можеш да направиш за нецели 2 секунди (1,92), ај сега види дечкиве што можат да направат за нецели 2 секунди. Видеото е од трката во Баку, во болидот е Маса, а механичарите се на Вилијамс. Повеќе

Кога Господ беше Българин
17 Јуни 2016

17 ноември 1993-та, Паркот на принцовите, Франција и Бугарија го играат последниот квалификациски натпреварот за Мундијалот во САД 1994. За да се пласира на Бугарија и одговара само победа, на Франција сè останато. На 30 секунди пред 90-та минута резултатот е 1-1, а Франција изведува "скратен корнер." Повеќе

Спортско цепење коли
7 Јуни 2016

На прво прегледување изгледа како да не постои каква било космичка пречка зошто ние како нација не би можеле да успееме во спортов, ти даваат секира и кола, и лупаш се додека едно од тие две не се прекрши на пола (ако е секирата, веројатно ќе ти дадат нова). Како посебен метод за поттикнување на спортот, може да се дозволи вежбање на кола што ти се огрешила по твој избор. Повеќе

Како да потрошиш милион долари за еден ден, Шекил едишн
16 Мај 2016

Како е можно спортисти што прават милиони долари годишно да останат банкрот? Многу лесно, само мисли дека знаеш што да правиш со парите. Шекил зборува за првиот милион што го заработил во животот и како му исчезнал. Повеќе

А ова си ти во споредба со професионален спортист
3 Мај 2016

Како би изледало кога изливите на гнев од твоите спортски расправии со телевизорот би се префрлиле од пред екран директно на терен. Не е за верување колку се станати ѕверови спортистиве. Повеќе

И ММА имаат душа
28 Март 2016

Иако кулминација на ММА борба најчесто се тие 2-3 секунди активно пасирање на лицето на противникот додека тој избезумено лежи на патос, има и борци за кои не е сè во толчењето. Повеќе

Па преку новинарите веќе!
18 Март 2016

Една од оние "или ќе се појавиш или попиеш казна" прес-конференции после натпревар во колеџ баскет. Кошаркарот од тимот што изгубил, новинарот од тимот што сака да го тупи. Повеќе

Ете некој аир и од бебиња
14 Март 2016

На полувремето на Сакраменто Кингс на публиката ѝ беше понудена забава каква што овде би предизвикала лавина морализаторски осуди и повици за линчови. Трка на бебиња кои ползат. Хмм. Плавокосото бебе се држеше добро сè додека не ги покажа своите црногорски гени. Повеќе

Сте за партија кабади?
23 Јануари 2016

Нешто помеѓу ракомет, брканица и што ме гледаш бе! Само направено бескрајно комплицирано. Повеќе

А где је паркет?
22 Јануари 2016

Почнува со регуларната сала за кошарка во Белградска Арена, завршува со олимписки базен со европското првенство во ватерполо Белград 2016. Сето измеѓу го има во видеово. Повеќе

Во живот треба да знаеш дека е готово...
18 Декември 2015

Посебно ако сите животни одлуки довеле до тоа да бидеш ММА борач... уште повеќе ако сите животни одлуки потоа довеле до тоа да бидеш лош ММА борач. Повеќе