Реклами

Ѓубриња сте, ама фала ви
25 Мај 2017

Само во Париз и околината годишно 4500 пешаци загинуваат во сообраќајни несреќи. Кампањата што ја прават на темата се базира на нешто налик "сув тренинг за сообраќајка", извади го некого од памет, па види дали ќе памти за друг пат. Повеќе

Кога работиш со филмски ефекти, а имаш Витара од 96-та за продавање
9 Мај 2017

Многу е едноставно, ако веќе немаш технички спецификации за да ја пофалиш колата, гледај барем да знаеш да направиш добар спот што ќе ја шитне. Повеќе

Бугарија, ајран ти ќе бидеш
4 Мај 2017

Дилемата со сите оние тетоважи со кинески, јапонски букви беше: од кај знаеш бе дека точно ти го напишале зборот, што во земја во која се грешат тетоважи со англиски зборови е доста здраво размислување и страв. Како што тоа азиското изгледа интересно од оваа страна на светот, така од другата страна на планетава, егзотиката и поимот за квалитет се доловува со зборот "Бугарија", барем кога е во прашање кисело млеко. Повеќе

Во лудо време кога само разговор и пиво помагаат
28 Април 2017

Можат ли двајца луѓе кои лично не се познаваат а делат крајно спротивни погледи на жешките прашања да седнат за по некое време да заклучат дека постојат многу повеќе работи кои ги поврзуваат отколку што ги раздвојуваат? Нека не ве обесхрабрува тоа што ова е, во крајна линија, реклама за пиво. Паметните ќе умеат да извлечат поука, на оние другине и буриња ум да истураш пред нив, џабе е. Повеќе

Гледај и плачи... и плачи
27 Април 2017

Некако ќе се помириш со делот дека си глуп и трошиш пари што ги немаш (за работи што генерално не ти требаат) ама такво е времето, и тогаш ќе дојде делот во кој ти покажува колку камата плаќаш и ќе плаќаш (не се исти бројките како кај нас, ама исто го јадеш) до крај на живот. Солзи сами капат прости ми... Повеќе

Жива дојка проговара
26 Април 2017

Од латинска Америка стигнува една од најчудните кампањи за подигнување на свесноста за ракот на дојката. Бидејќи социјалните мрежи како Фејсбук се поконзервативни од цензорите на СССР и не дозволуваат да се појави женска пупка ни за добра кауза, овие го хакнале проблемот така што на цицките им ставиле усти. А на жена уште таму ѝ фали уста па ние мажите масовно да се замонашиме. Повеќе

Ангел, викај бре да помагаме!
19 Април 2017

Имаме едно супер другарче што живее во Бугарија и работи како режисер. И додуша стално нè вика да му отидеме некој викенд во Софија. Проблем е што нè вика само кога НЕ е зафатен со работа. А за да сфатите какво ѓубре од човек е тоа, треба да видите што работи. Еве го неговото последно видеопарче, скоцкано за Златен даб. Нема веќе другари...  Повеќе

Кога ќе се спојат празници и корисно
15 Април 2017

Жени, Велигден е и јајцата се во ваши раце. Кампања на германската маркетинг агенцијата Сервисплан и порно сајтот mydirtyhobby.de за ширeње свесност околу ракот на тестиси. Главната експертка од видеото на интернет е позната како Луси Кат. Повеќе

Биди човек, помогни му на Данец
15 Февруари 2017

Овој пат нема да можеш да си ја замачкаш совеста со лајкување или шерување статуси на Фејсбук, туку од тебе се бара конкретна помош - секогаш кога ќе видиш Данец / Данка на сонце, кажи им да се тргнат. Истото важи и за сите останати што се со гејша тен на кожа. Повеќе

Супер боул пред Супер боул
3 Февруари 2017

Конкретна тема рекламите за Супер боул што се појавија на интернет пред натпреварот. Цената за годинава е 5 милиони долари за 30 секунди реклама. Повеќе

Како изгледа декември во маркетинг-агенција
20 Декември 2016

Они не знаат за електори, не знаат за ДИК, а уште помалку за Управен, не знаат дека надвор е минус „Боже Господе“, ниту пак за атентат во Анкара, знаат само за едно - новогодишната честитка на агенцијата. Повеќе

Има ли секс после децата?
18 Ноември 2016

Не престануваш да имаш секс затоа што си стар туку старееш затоа што престануваш со сексот. Прекрасните Данци смислиле програма за патување на егзотични дестиации со вграден бонус за размножување. Колку повеќе деца ќе направиш на патувањата, толку поголем бонус добиваш за следниот пат. Уште попрекрасни: Данците не ги занима со кого тоа ќе го правиш. Повеќе

Вашите 6 секунди
28 Октомври 2016

Хемингвеј на времето добива кладба дека може да напише текст пократок од 10 зборови што ќе расплаче човек, му успева во 6 зборови (за тоа тука). Сега Јутјуб организира натпревар за маркетинг агенции, да направат реклама со траење од 6 секунди. Клиент е туристичкиот борд на Сингапур, а натпреварот, од брифинг до крајното видео, трае 7 часа. Повеќе

Политика, занимација за луѓе што немаат друго хоби
25 Октомври 2016

Не можете вие толку да се замарате со политика, колку што он може да збори за политика. Лесно е на Американци вака да им се силиш. Повеќе

Кога Горбачов сними реклама за Пица Хат
12 Октомври 2016

Во историјата тој е човекот кој го сруши Берлинскиот ѕид, стави крај на Советскиот сојуз и воведе демократија во половина свет. Ама од историја не се живее. Повеќе

Холивуд до Токија
10 Октомври 2016

Онаа сцена со Бил Мареј како снима реклама за виски во "Изгубени во преводот" не е баш од памет извадена. Она што се српските пејачи и пејачки за македонските градоначалници и питијади, тоа за холивудските фаци се јапонските маркетинг тезги. Повеќе

Децата никогаш не ги бивало
29 Септември 2016

Многу е погрешно да кукате на денешните деца. Дека се рассеани, дека не им е тука паметот, дека една важна работа ќе им кажеш а тие баш таа ќе ја заборават... Отсекогаш било така. Повеќе

Моќниот македонски спот за Христо Стоичков
18 Септември 2016

Бугарите викаат: Требаше да дојде Македонец па да направи спот за Стоичков како што треба. Повеќе

Новиот туристички рај - Сирија
2 Септември 2016

Надлежното сириско минстерство направило видео спот за промоција на туризмот во земјата. Сини мориња, песочни плажи, свежо зеленило.... има сè што треба освен оној мал детал, граѓанската војна од која со помош на странските спонзори таму се гине на ангро. Заебавајте се вие, ама ако стварно било евтино ко што викаат....  Повеќе

Реклама која мириса поинаку
31 Август 2016

Не знаеме колку шишенца од парфемот ќе им продаде (колку рекламата е sales driven, што би се рекло на старо-адвертајзерски) ама Спајк Џонз (Being John Malkovich) направил урнебесно добра работа за Кензо. Имате згодна девојка (ја гледавме неодамна во The Nice Guys), имате парфем, но понатаму ништо не е исто како кај другите реклами. Повеќе