Политички театар:

Како ќе звучеше Трамп ако беше женско?

Ќе си чуете и сами. Нам ни звучи како нешто што би се викало Уранија Каракамишева.

За да им дадат шлагворт на студентите за дебата околу родови прашања, њујоршки професори им  реконструирале дел од дебатата Трамп - Клинтон, но со заменети улоги. Биле ангажирани двајца професионалци актери при што жената е Трамп а машкото Хилари.

Чувството да се гледа тоа е некако непријатно. Додуша, такво беше и во оригиналниот кастинг..  

10 март 2017 - 10:01