Ако не ја знаете, да ве запознаеме со Кендис

Прави голем ремет во идеолошкиот алгоритам на нејзините политички противници. Кендис Овенс е млада, паметна, црна и - конзервативна.

Разговор со еден од лидерите на BLM, Хок Њусам. Тој се радува на секој голем успех на црнец, таа возвраќа со логиката:

„Кога леташ со авион, побитно ти е пилотот да е добар пилот или да е црнец?“

Кендис беше доволно одважна да каже: Не, Џорџ Флојд не е мој херој.

Да, не смее човек така да умре, да, полицајците не смеат да минат неказнети. Но не и да се прави херој и маченик од човек кој освен долгогодишна историја на бавење со криминал и дрога, има лежено затвор затоа што ѝ држел пиштол на трудна жена (патем, црна жена, ако е битно) додека неговите другари ја пљачкале.

„Правете вие слободно постери од Џорџ Флојд и носете маици со него. Кај мене дома на постер останува Коби Брајант“ вели во видеото во чиј втор дел дава занимливи статистики за состојбата со криминалот, расите и полицијата.

8 јуни 2020 - 18:10