Разно

Имаш 100 секунди да собереш сè што сакаш од продавница за електроника
29 Мај 2017

Продавницата е полна, без правење иле, со Галакси, Ајфони, Мекинтоши, Канони и се што може да има еден маркет за електроника. Ти си со празни раце, и за твое добро, гледај да си со брзи нозе. Повеќе

Ако сакаш да спасуваш животни само треба да не јадеш пилешко
29 Мај 2017

За годишната исхрана на просечниот Американец се колат 25 животни. Од овие 25, 22 се кокошки / пилиња, па ако престанеш да јадеш пилешко, ќе поштедиш 22 од овие 25 животни, а притоа растот во консумацијата на другите животни нема да биде страшно голем. Кој вика тоа? Активистот за права на животни Мат Бел. П.С. 84% од луѓето што стануваат вегетаријанци, се враќаат на јадење храна од животинско потекло. Повеќе

Крос-фит атлети вс. балерина
27 Мај 2017

Никој не вика дека овие што вежбаат крос-фит се балерини. За почеток балерините се неспоредливо поподносливи од нив и ни приближно толку не гушат "да видиш денес каква серија пируети сум направила" или "тоа арабеската ама ми тргна денес". Исто така излезе дека ова балет било понапорно. Повеќе

Пожарникарско, ситно
25 Мај 2017

Кинезите сакаат да знаете дека се подобри од сите нас и дека еден ден цела планета ќе биде нивна. Па вучјак не можеш вака да издресираш ко они што имаат навежбано пожарникари. И уште поважно, за што може оваа вежба да им служи на пожарникари? Изненада да не дојдат сватови со музика? Повеќе

Меланија - Доналд 2:0
24 Мај 2017

Работен наслов: кога ќе ја однесеш жена ти на одмор каде што не и се оди / ај да изгледаме нормални пред роднините. Меланија и во Рим му направи ескиважа на Доналд. Повеќе

Си грешел и ти на работа, ама не како овие
23 Мај 2017

Што е најлошо што си направил? Си пуштил порнич на меил од фирма? Си ја пратил понудата на некој од конкуренција? Си утнал една нула во пописот? Полека малку, дечкиве срушија цела куќа, ама не таа што требаше. Повеќе

Нит нешто од ова ни текнало, нит нешто ќе запамтиме (3)
20 Мај 2017

Знаете зошто ги објавуваме овие, за да ни се најдат при рака еден ден кога ќе решиме да сме вредни. Додуша, досега не ни притребале ама тоа не е причина да не се надеваме дека... еден ден.... Повеќе

Што заедничко имаат најмалку стресните земји во светот?
18 Мај 2017

Во прашање се Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Шведска и Австралија. И сите тие имаа четири заеднички карактеристики. И ниедна не е онаа што ја мислите. Повеќе

Најсилниот човек на светот и исхраната од 12.000 калории на ден
18 Мај 2017

Брајан Шо е Најсилниот човек на светот во 2011, 2013, 2015 и 2016 (плус еден куп други први места во слични натпреварувања). По неговите зборови: од сè ова кревањето тегови не е најтешкото нешто, јадењето е. Прв оброк, појадок: 1180 калории. До крај на ден треба да ги потепа уште 10.000 калории. И така секој ден. Повеќе

Зен е кога гледаш како друг одлично работи
17 Мај 2017

Гледано по занает овој би бил столар, со специјалност јапонски спојки. Гледано реално, човеков е магионичар. Повеќе

10 работи од астрономија што ги мислите дека се точни, а не се
17 Мај 2017

Меѓу нив и тоа дека: Сонцето е жолто (бело е), ѕвездата Северница е најсјајната ѕвезда на небото, тоталното помрачување е ретко, на пладне Сонцето ни е директно над глава и слично. Кој вика дека ова не е точно? Нил Деграс Тајсон. Повеќе

Како функционира Wannacry
15 Мај 2017

Викендов најдраматичната вест беше појавата на Вонакрај, рансомвер софтверот кој ги енкриптира фајловите на нападнатиот компјутер и бара пари за нивно декриптирање. Нападот беше извршен во десетици држави, а меѓу другите страдаа британскиот здравствен систем и една од најголемите шпански компании Телефоника. Програмот за својот напад искористи пропуст што своевремено бил откриен од НСА, па потоа протече во јавноста како информација. Повеќе

До левитирањето и по него
15 Мај 2017

Движењево што ќе го видите изгледа како магија, а оваа магија се учи со години и години вежбање и повторување за во еден момент да сфатиш дека можеш да левитираш (да, сукњата ги крие, ама оди повтори го ова со каква сакаш сукња на тебе). Повеќе

Како да ја лоцирате својата кола?
14 Мај 2017

Со мобилен. Во случај да ви е украдена или (поверојатно) синоќа ви тргнал шутот па сабајлето немате абер каде сте ја оставиле. Повеќе

Трчањето е најлошиот начин за да станеш фит
13 Мај 2017

Зборат за трчање од типот "важно правам нешто". Ама не е страшно, има решение - спринтови или/и кревање тегови. Повеќе

Во фабрика за лажни лајкови
12 Мај 2017

Нема потврда ниту детали но приказната оди вака: Русин во посета на кинеска фарма за лажни лајкови и билдање посетеност на сајтови. Велат дека имаат 10.000 мобилни телефони, програмирани да посетуваат веб страници или да маваат лајкови кај што треба. А овие од Офф.нет нека пишуваат ко аргати по цел ден. Повеќе

Две минути мерак
12 Мај 2017

Немој да очекувате ништо повеќе од производство (боење) на силикон. И немој да очекувате дека сте подготвени за тоа колку е ова магично. Повеќе

Ако е пренос од избори, нека биде јужнокорејски
11 Мај 2017

Јужна Кореја ја снајдоа предвремени претседателски избори, по импичментот на претседателката Парк Гун Хеј. Јужнокорејските телевизии резултатите од гласањето ги дочекаа како цело време да биле на готовс за неочекувани избори. Повеќе

Искрениот трејлер за филмот што не го гледаше
10 Мај 2017

50 нијанси потемно, или филмот што не сакаш да веруваш дека жените по дома кај тебе веројатно го изгледаа. Плус статистика колку секс и каков секс има во филмот што треба да биде за секс (спојлер - вкупно 10 минути во цел филм). Повеќе

Седи да видиш како се работи
6 Мај 2017

Разликата меѓу човек што доаѓа на работа и човек што знае да работи. Првите сме ги изнагледале. Ова се вторите. П.С. кај се купуваат кинески пожарникари? Повеќе