На тркала

Автоматски ланци за гуми
17 Февруари 2017

Малку доцна ни доаѓа ова ама може до следната зима ќе ги има овде. И онака стандардните ланци ретко кој возач знае да ги монтира. Повеќе

Најважното видео за возење што денес ќе го изгледате
31 Јануари 2017

Како ретко до сега клип со возење од интернет од кој може да научите нешто крајно корисно: кога товарате приколица, најтешките работи ставете ги најнапред. Нема врска? Ѕирнете го видеото. Повеќе

Не се плаши Тесла со Фарадеј
7 Јануари 2017

Faradey Future се вика колата која се заканува дека ќе биде убиец на електричната Тесла. И можете да си резервирате една за само 5.000 долари. Не дека ги имате тие пари ама сепак прво ѕирнете го видеото. Многу голема превара. Повеќе

Тесла репорт
28 Декември 2016

Тоа што Тесла може сама да вози значи дека треба да направи илјадници пресметки и предвидувања во секунда, за добро на сите. Во пракса (ненамерно и не е тест) тоа значи дека Тесла може да предвиди судир (и да ти алармира) пред тоа воопшто да се случи. Повеќе

Колоната на јапонскиот премиер се вклучува во сообраќај
20 Декември 2016

Чисто за да утврдиме што се случува пред да продолжиме: колоната на јапонскиот премиер се вклучува во сообраќај. Повеќе

Банкина на денот
17 Декември 2016

Ние сме народ кого го занима само големата слика и решенија кои ќе дојдат од врвот. Мали изуми кои подобруваат или спасуваат поединечни животи обично не се вредни за нашето внимание. Ама, сепак, ѕирнете колку ова е ветувачки добро. Повеќе

Сообраќајот во Л.А.
24 Ноември 2016

Треба да тркнеш до другиот крај на градот. Се простуваш со најблиските, им кажуваш каде е тестаментот, со себе земаш апарат за бричење, катетер, печена кокошка, два терабајта музика, пар книги од Балзак, туце порно списанија, две туциња марамчиња, ЦД бокс за аудио курс по мандарински, прибор за прва помош, прибор за втора помош, мобилна апаратура за помали хируршки интервенции врз себе, дополнителни количества маст за проширени вени и хемороиди.... И оп, едно време, си стигнал! Повеќе

Џандарски работи
3 Ноември 2016

Да стигнеш кола што ја бркаш и да ја застанеш, и не е најтешкиот дел. Проблемот е да го направиш ова без да треба цела твоја предница да ја носиш на мајстор. Решение, нешто налик ласо за гуми. Повеќе

Мексико, си го јадел
1 Ноември 2016

Краш тест на два Нисана, еден против друг. Едниот е најевтиниот модел што се продава во Мексико (Тсуру), другиот е најевтиниот модел што се продава во САД (Верса). Види наслов. Повеќе

Момент почит за маестралноста на секој Ф1 возач
29 Септември 2016

Освен што во еден круг, барем Розберг, прави 34 менувања на брзината надолу, и 35 нагоре, прави и 13 посебни измени на подесувања на системи како DRS, BMIG, BBAL и STRAT, и тоа при брзина од над 300 км/ч. Во пресметката не се влезени подесувањата до стартот и крајот на трката. Повеќе

Најсиромашко пимпање кола на свет
10 Август 2016

Најдоа тотален крш, од оние кои кај нас се фрлаат по долови и канали, а од опрема имаа секира. И ја оправија и весеље! Повеќе

До кое дереџе се доведоа Швеѓаните
8 Август 2016

Затоа што улиците им се речиси беспрекорно рамни, Швеѓаните немаат потреба цело време да е на штрек и да кочат / ескивираат дупки. Заради ова, тие знаат да се заборават и да ја надминат границата од 60 км на час. Решение, ќе ставаат дупки на улиците. Повеќе

Кружен тек со седум кружни текови? Не, благодариме.
4 Август 2016

Оваа сообраќајна чудесија со децении одлично функционира во Свиндон, јужна Англија. Но, со оглед на фактот дека наш човек и во обичен кружен тек го фаќа паника (од филозофското прашање "Каде завршува еден круг?") па често решава одеднаш да смени лента, главнaта порака на оваа статија е: Коце, да не си помислил! Повеќе

Најкорисниот додаток за кола, евер
30 Јули 2016

Сакате во природа? Вака се оди во природа. Иако, ова треба и по град да си го влечкаш, па, кај ти дојде. Особено пред оние шема кафичи. И да им фрлаш коски. Повеќе

Ах, златен Стокец
15 Јули 2016

Чарлс Милер, кој денеска работи за Убер а е некогашен хакер во озлогласената НСА и првиот човек кој има откриено баг во MacBook Air, демонстрира што сè може да направи кога ќе  влезе во софтверот на една модерна кола: да ве отрие пуштајќи ви една те иста песна или да ве одведе до најблиската провалија.  Повеќе

Булдожерот и неговото право
13 Јули 2016

Градежна компанија се соочува со протест пред своите порти кои се блокирани со редица автомобили. Протестот се соочува со булдожер на градежната компанија. Повеќе

Тркало да е, домашно да е
1 Јули 2016

За својата стандардна Тојота направил нестандардни тркала кои овозможуваат да се движи како сака, сосе мунвок. Е не, ќе мота волан. Повеќе

Кога ќе в село појдете, со точак да не тропате
27 Јуни 2016

Ако од којзнае која причина не ви годи мазниот и рамномерен звук на велосипедските гуми, трк по кокос за да го пимпнете својот двоножен пастув. Повеќе

Кога разумот ќе преовлада на паркинг
26 Мај 2016

Кога? Овој пат не. Јагуар (нов) блокирал Рејнџ Ровер (нов). Решение од типот "веројатно татко му му го купил џипот," што и не ја објаснува целата публика и навивање околу него, ниту пак полицаецот што стои и гледа. Повеќе

Ковчези на четири тркала
25 Мај 2016

Тестирањата за безбедноста на поедини модели на автомобили завршуваат со некакви ѕвездички кои не мора многу да ни значат. Но, сè ќе ви стане јасно кога ќе одгледате што им се случува на 4 коли кои добиле нула ѕвездичка. Пазете, сиот овој крш на 64 километри на час. Повеќе