На бина со Газдата

Во видеото можете да уживате и без посебна најава. За еден друг занимлив детал: родителите на малиов биле пресреќни кога виделе дека некој ја снимал сцената и ја објавил на Јутјуб. Имено, никој од нив не помислил да штрака со мобилниот, да фаќа фотки и видеа и така да пропушти во живо да ужива во моментот. Ок, колку родители овде така би постапиле?

Многу сме благодарни што сте го снимиле ова видео. Никој од нашето семејство не направи ни фотографија ни видео бидејќи само сакавме да уживаме во моментот. Се надевавме дека во околината ќе се најде некој ангел да го сними ова за нас. И испаднавте тоа вие. Ни се допаѓа видео снимката не само затоа што на неа е нашиот син туку и заради вашите прекрасни реакции на сите клучни моменти во видеото - тие се прајслес.
Секое добро,
Лиана Теста (мајката, во коментар на Јутјуб)

22 февруари 2017 - 10:12