Музика

Нешто од Ансамбл Александров (или Хорот на Црвената армија)
26 Декември 2016

Ансамбл Александров е официјалниот армиски хор на руските вооружени сили. Формиран е за време на СССР, а составен е од машки хор, оркестар и танцова група. Името го носи по својот прв диригент, Александар Василевич Александров. На 25 декември 64 члена на ансамблот загинаа во авионска несреќа на пат кон Латакија, каде што требаше да настапат пред руските вооружени сили во Сирија. Повеќе

Дуке, Крсте и Исмаил ви честитаат Нова година
23 Декември 2016

Ок Македонци. Пробавме да си ги извадиме очите, ударнички се потрудивме да се надвикаме и прекувремено се потрудивме да се испомразиме до коска. А да пробавме малку со љубов и убавина? Пред крајот на оваа заебана година токму со такво полнење доаѓа поздравот до сите вас од нашата њујоршка екипа. Песната (музика, текст и аранжман) е на Дуке Бојаџиев, пее Крсте Роџевски, на кларинет е Исмаил Лумановски, на виолини Владимир Крстев. Отворете си ја душата, "Свет без граници" е љубовна порака. Преубава. Повеќе

Што ме питаш are you gonna go my way?
19 Декември 2016

Апостолски направил уште еден богохулен мешап, кој функционира бескрајно природно ем заразно. Шемса и Лени Кравиц, ко Боро и Рамиз! Ова да го чуеме во живо и после слободно можеме да ги закачиме чеканот и наковалната о клин.   Повеќе

Како Есма треба да биде дочекана
15 Декември 2016

Искрено се надеваме дека таму негде горе, Есма и Љиљанa Петровиќ Батлер ќе успеат да ги надминат овоземните недоразбирања кои ги имаа додека беа меѓу нас. И дека ако има Господ, ќе ја натера Љиља да ја пречека Есма со некоја од овие песни. Повеќе

Сакам да бидам претседател
12 Декември 2016

Песната е снимена во Флорида во 2009 година, ама па што. Паљачо и Дисторзија. Повеќе

Слово за човекот
5 Декември 2016

„Модра река“ на Индекси беше прогласен за најдобар југословенски албум во 1978 година. Концептуален албум, положен на стихови од Мак Диздар, а музиката ја потпишуваат Бодо Кoвачевиќ и Фадил Реџиќ. Чујте што има да каже Диздар, а да отпее Пимпек. Повеќе

Звукот на 2017
1 Декември 2016

По основа на гласови од 170 луѓе што се дел од светската музичката индустрија (критичари, диџеи, водители), Би-би-си изработи плејлиста на музиката што ќе се слуша во 2017. П.С. наспроти здравата музичка логика, ниту една од песните не избрана преку конкурс за субвенции. Повеќе

Трамп верува во љубов
28 Ноември 2016

По феноменалниот дует со Хилари (тоа тука) музичката кариера на Трамп продолжува со уште еден дует, овој пат со Најџел Фараж, и еден сингл за своја душа. Повеќе

Севдалинка со кауција
21 Ноември 2016

Една холандска театарска дружина, со неколку шишиња и пред себе и босански севдах во душа. Јутрос ми је ружа процветала, нек иде живот. Повеќе

Пит, и тоа е Америка
13 Ноември 2016

"Од Аљаска, до Мексико, тоа е онаа друга слика, Пит, и тоа е Америка. Повеќе

Азрањено пушење
4 Ноември 2016

Песната се вика "Лијепе жене пролазе крoз Зеницу" и е нов мешап на Апостол кој толку ќе ве поремети што нема да бидете сигурни кога кој дел и од која песна оди. Повеќе

Кога Боуви реши да му попушти на мајорот Том
2 Ноември 2016

Дејвид Боуви знаеше што значи Spаce Oddity за неговата кариера ама веројатно баш заради општоста и консензуалноста околу таа песна, одбиваше да ја свири. Како што е Creep за Рејдиохед, како што Рамбо ја нејќе Заставник Џемо, како што би му било на Џони ако му ја побараат Лепе жене, како што е Ајс, ајс, бејбе за Ванила Ајс, ама па, пустиот нема друга. Елем, муабетот ни беше дека Боуви не ја свиреше Spаce Oddity. Отстапка направи на својот 50-ти роденден. Повеќе

Српскиот текст на Мадона
27 Октомври 2016

Легендарна верзија на спотот на Like a Prayer во која на најлогичен можен начин се раскажува за што пее Мадона и што се случува во приказната. Не памтиме колку пати сме се превртеле на стихот "Мадона помази овог клинца дебелог" Повеќе

Во чест на Лаза
19 Октомври 2016

Деновиве беше годишнина од смртта на Лаза Ристовски, еден редок и извонреден клавијатурист (беше во Смак и Бијело дугме). На неговиот албум „Мерџ“ од 1982 има еден инструментал („Домина“), нешто што го имате чуено дури и ако мислите дека го немате. А Апостол го живнал. Повеќе

Човекот кој во грло крие гитара
18 Октомври 2016

Акапела изведба на една од најпознатите песни од 70-тите, Хотел Калифорнија. Шесторката има бубњар (посветен и одличен), ги имаат препознатливите терци на Иглс, но почекајте да му дојде ред на дечкото со траката на чело, оној кој изгледа како им упаднал од некој кунг-фу филм.  Повеќе

Корејците збудалени по музиката на Четкар
10 Октомври 2016

Позната е сериозноста и контемплативноста на македонската џез-публика (само по себе цепки кога е тоа дифолтно и очекувано глумење). Од друга страна, Корејците сосема поинаку се примаат на џез.    Повеќе

Ултра-ортодоксните рокенрол рабини
6 Октомври 2016

Ариех и Гил се и крвни и духовни и музички браќа. Сакаат да ги разбијат стереотипите за нивната вера и можат да се најдат на улица, како проповедаат Пинк Флојд, Битлси, Клептон.... Повеќе