Правих се речи увек касно сетим:

Интервју со секретарката на Хитлер

Траудл Јунге влегува во најтесниот круг на Хитлер во 1942 кога има само 22 години и останува со него до последниот ден. Нејзе Хитлер ѝ го има диктирано својот тестамент и според нејзините сведоштва се реконструирани последните денови во бункерот во филмот Der Untergang. Пробува да објасни како е можно да си во центарот на збиднувањата а да си во слеп агол на она што се случува наоколу.

Човечката совест е област во која Хитлер нанесе огрома штета. Тој се обиде да ја манипулира совеста на германскиот народ убедувајќи ги дека се исправени пред задача да ги истребат Евреите кои се коренот на сите проблеми. Тоа беше имплантирано многу порано, дека мора да се жртвуваат за таа кауза. Се сеќавам на интервју со војник од концентрационен логор. Кога го прашаа: "Не ви беше жал за сите тие луѓе и за тоа како ги третиравте?" тој одговори: "Да, ми беше жал но тоа морав да го надминам. Тоа беше жртвата што јас морав да ја дадам за поголемата идеја". Ете, тоа се случуваше со совеста. А Хитлер секогаш говореше: "Никој од вас не треба за ништо да се грижи. Само правате сè што ќе ви кажам, јас ја преземам одговорноста".

Гертруда 'Траудл' Јунге, во интервјуто

Во тоа време таа имала само 22 години. Млада девојка од Баварија, опиена од аурата на Хитлер, неговата моќ и лидерство. Прашајте се: да имавте 22 години и да сте живееле во Германија во 1942-ра, индоктринирана цел живот, ќе постапевте поинаку? Јас сигурно ќе им се придружев на СС-овците, не затоа што ги мразам Евреите или која и да е друга нација туку заради импресивноста на елитата, заедништвото, искупувањето и неверојатните униформи. Бидејќи, да признаеме: СС беа најдобро облечените единици на сите времиња.

Јутјуб коментар на интервјуто

25 септември 2016 - 08:22