Видео

Прво, ова не е порака од холандската влада. Второ, бисери како: „...изградивме цел океан меѓу нас и Мексико... никој не гради океани подобро од нас... и океанов е толку голем, што можеш да го видиш дури и од Месечината... и ги натеравме Мексиканците да платат за него“. Повеќе

Сложно, масовно и организирано, така се настапува кога се оди на улица! Останува само навивачките медиуми да излицитираат околу бројката.

Личи на идеална алатка со чија помош јајцата секогаш ќе бидат сварени токму онака како што ги сакате. Го варите со другите јајца и на свој личен пример ви покажува во која фаза се другите. Накратко да ја видиме неговата перспектива кај нас: стигнува, брзо станува популарно, навасува фалц-роба која покажува погрешно, се разочаруваме, го пцуеме трулиот Запад и си се враќаме на старото добро баење.

Има една анегдота од тоа работните акции по Југославија дека Македонците редовно заебувале една тогаш стандардна парола. На прашањето поставено на српски („За кога?“) наместо исправното „За Тито!“, одговорале по нашки, па здружено извикувале „За сега!“

Кога вашите ви зборат дека оделе во Трст на шопинг, оделе на Пјаца Понтересо. Од 70-те до почетокот на војните низ Југославија, аџилакот се случувал еднаш до два пати годишно. Трст, Југославија е документарец за ова искуство.

Условите се: не бираш ти, те бираат тебе. Не те бира само идниот зет, туку цело негово семејство. Ти поставуваат најинтимни прашања и најдлабоко се потресуваат ако имаш пластична операција, претходен брак, студени раце или не дај боже над 40 години. И сето ова на телевизија, пред цел народ. Ако толку многу сакаш, тогаш има ТВ шоу и за тебе (без притоа никој да не те тупи за трилери, украси и терца).

Спојлер: ништо занимљиво. Освен можда банана, ама јебеш банана ако не ја запознаеш со голема лажица нутела. Плус предлагаат ориз. Ај важи.

Несвесни какви сè софри се случуваат во овој дел од светот од 20 декември до 20 јануари, на Јутјуб масовно почна да се шири предизвикот 10.000 калории, во кој како успех се доживува консумирање 10.000 калории, не на едно седнување, туку во еден ден. Професионална забелешка на предизвикот - разочарувачки неинвентивно го исполнуваат лимитот.

Почетните неполни три минути од филмот наспроти сите ваши прашања - од кај се накотија толку идиоти во светот.

Многу е поедноставно да му се радуваш на снегот кога ги немаш стандардните инфраструктурни проблеми и кога не е проработена кенкавата страна во тебе. Едноставно убаво ти е што сè е во снег.

Запознајте го Пол. Пол е сингл. Од пред малку, многу, многу сингл.

Ако некогаш тоа биле чудесни животни и невидени народи и култури, денес егзотика повеќе се сврте на - луѓе што физички работат. Над 300.000 шерови и 15 милиони прегледи на Фејсбук.

Некои луѓе се горди на себе кога ќе дојдат до сознание дека веќе не им веруваат на партиски нафураните вести. Абе, на свои очи не е да им веруваш, не па на тие.

Енди Ворхол го мразел Френк Запа од дното на душата. Па сепак го вика на интервју во неговата тв емисија, на почетокот на 80-тите. Како и секогаш, на Запа брзо му се пушта вилицата а Ворхол во целиот разговор не зуцнува ни збор.

9 јануари 2007, Макворлд Експо во Сан Франциско, Стив Џобс излегува на сцена во својата стандардна униформа и започнува со претставување на уредот кој комплетно го промени текот на технологијата и општо човештвото.

Ниедна туѓа беља не е доволно смешна ако не е придружена со рикање кое ќе ве зарази. А оваа е.

Мала лекција од наркономија. Децении наназад цената на кокаинот е една од најстабилните цени на светот и стои на 150 долари грам чист кокаин. Зад ваквата реалност стои економската категорија монопсонија, што значи монопол над побарувачката која ја имаат картелите. Сето тоа на грб на (јужноамериканската) Ленка.

Faradey Future се вика колата која се заканува дека ќе биде убиец на електричната Тесла. И можете да си резервирате една за само 5.000 долари. Не дека ги имате тие пари ама сепак прво ѕирнете го видеото. Многу голема превара.

Крајот на мандатот на Ки и Пил беше пред некое време, сега за крајот на мандатот на Обама, Пил како Обама, а Ки како Лутер се враќаат за да се поздрават со народ пред пакување од Белата куќа.

Не е редот да го спомнуваш Путин само кога ти е зорт, треба и празник да се честита, па макар вие биле само неколку луѓе, со Пунто и хармоника сред шума во Србија.

Една чудна комунистичка утопија со 2.000 жители кои имаат луксузни куќи и автомобили и минимум 250.000 долари на сметка. Само што за богатството им важи принципот "мрднеш - губиш".