ВХС-и вредни злато

Во време кога носталгијата удира на стара технологија, луѓето кои пред 15 години решија да не ги исфрлат сите видео касети, сега се на добар пат да направат пари од ѓубрето што го чуваат дома.

ВХС касетите го прават истиот камбек како и грамофонската плоча, со тоа што кај нив е знак прашање дали воопшто го подобруваат уживањето во содржините што се гледаат.

Како дел од враќањето на славата ВХС касетите стануваат мета на колекционерите кои се подготвени да платат смешно големи пари за нив, како и универзитетските библиотеки, како на пример на Јеил, кои направија колекција од 3.000 ВХС наслови по основа дека тие имаат историска и културна вредност.

И во овој случај Ибеј е главен пазар на кој може да се продаде или купи ВХС касета. Цената на касетата ја одредува тоа дали е оригинал (или по номенклатурата на секоја видеотека од времето што држeше до себе "Мастер"), година на издавање, состојбата во која се наоѓа и нормално филмот што е на неа.

На Ибеј може да се најде ВХС оригинал од Ноќта на вештерките од 1978-ма кој се продава за 300 долари. Иста ваква касета во 2013-та беше продадена за 13.000 долари.

Од другите:
- Tales from the Quadead Zone од 1987 чини 2.000 долари.
- Тексашкиот масакр со моторна пила од 1974 успеа да достигне цена од 300 долари, а денес ја има и за 75 долари.
- Ѕвездени војни: Нова надеж од 1977-ма пред неколу месеци е продадена за 110 долари.
- Убавицата и ѕверот од 1992-ра се продава за околу 500 долари.
- Паркот Јура и И.Т.
Двата филмови на Спилберг во ВХС верзија се продаваат за по 500 долари од касета.

Пред некое време имавме еден дечко што од денешни 4К / ХД / дигитални филмови прави ВХС верзија на снимки и пакувања. Он е тука.

26 јануари 2016 - 09:47