Трите нови Херои на ГоПро

Новата генерација на издржливи спортски камери ќе има три верзии - најјака со 4К квалитет на снимка, средна што има екран на допир и евтина што ќе чини 130 долари. Ова е 4-та генерација на Херој на ГоПро.

GoPro Hero4 Black е најсилната верзија. Снима видео со квалитет 4.000 пиксели и 30 кадри во секунда (два пати повеќе отколку неговиот претходник). Може да снима и ХД видео (1080 пиксели) со 120 кадри во секунда. Цената на овој модел е 499 долари.

Hero4 Silver не ја постигнува 4К резолуцијата на Блек моделот, ама затоа надоместува со тоа што ќе биде прв Хиро со екран и контроли на допир. Квалитетот на видеата на Силвер е 2.700 пиксели на 30 кадри во секунда, 1080 пиксели на 60 кадри, и 720 пиксели на 120 кадри во секунда. И двата модела имаат ВиФи, отпорни се на вода до 40 метри длабочина, и прават фотографии со квалитет од 12 мегапиксели.

Кај третата верзија (само Hero) најинтересна е цената - 129 долари. За овие пари добивате снимање со квалитет од 1080 пиксели на 30 кадри во секунда и 720 пиксели на 60 кадри. И оваа варијанта е отпорна на вода до 40 метри длабочина. И покрај тоа што го нема квалитетот на снимање на новите модели, евтината варијанта ги има сите карактеристики на досегашните ГоПро камери - издржливост и снимање на видео во ХД.

29 септември 2014 - 19:07