Пазарот на црно ги окупираше редовите за Ајфон 6

Како што е редот, секоја година фановите на Епл на 2 - 3 дена пред премиерата на телефонот почнуваат да се редат пред продавниците. Годинава (барем во Њујорк) редовите беа преплавени од Кинези, претежно луѓе во години, секој купуваше по 2 телефона и секој плаќаше во готовина.

"За премиерата на Ајфон 5С во 2013-та направив кратко видео за редовите пред Епл во Њујорк. Најголем дел од видеото беше со ентузијастички Епл фанови, не како мене, кои чекаа во редови за да го земат новиот Ајфон. Исто така имаше и одреден процент на чекачи кои го немаа истиот ентузијазам, а еден беше и заспан со кеса на главата. Овие слики не ми се допаднаа, а исто така беа и најзборуваниот аспект од 4-минутното видео. Годинава, за премиерата на Ајфон 6 мојата намера беше да го покријам токму тој аспект од приказната - чекачи, кои се таму од причини кои немаат врска со ентузијазмот за производот," објаснува авторот на видеото, продуцентот Кејси Неистат.

На темава пишува и Вашингтон пост, кој објаснува дека во Кина веќе има пазар на црно, на кој Ајфон 6 се продава и за до 10 пати повисока цена отколку што е во продавница во САД, меѓу 1.430 и 2.400 долари во зависност од моделот.

Без Кинези, ова е редот за Ајфон 6 во Лондон:

23 септември 2014 - 09:31