Микрософт е жив ќар од успехот на Самсунг

Годишно Микрософт од Самсунг заработува повеќе пари отколку што му носaт Скајп, Виндоус телефонот и ИксБокс, заедно. Се на се, околу 1 милијарда долари им се од Самсунг.

Парите Самсунг ги плаќа по основа на патенти, и тоа за користењето на Андроид оперативниот систем. Иако Андроид е направен од Гугл, добар дел од патентите за него ги поседува Микрософт.

За перспектива, според извештајот за минатата година Микрософт заработил 848 милиони долари од дивизијата за забава и уреди, во која влегуваат: ИксБокс (сосе сите негови сервиси и додатоци), Виндоус телефонот и Скајп. На овој куп може да се додаде и пребарувачот и МСН мрежата на Микрософт кои минатата година имаа загуба од 1,3 милијарди долари.

Во оваа милијарда не влегуваат и парите што Микрософт ги добива од останатите производители на Андроид.

Според документите од Микрософт во едно судско рочиште во Кина, компанијата поседува околу 200 колекции на патенти кои се неопходни да се создаде Андроид телефон.

6 октомври 2014 - 09:54