Маршал направи смартфон

Од чиста мира Маршал (да тој, црко Маршал) денес објави дека направиле смартфон, и ги пушти првите информациите и фотографии од него. Службеното име на смартфонот на Маршал е - Лондон.

Телефонот има ретро дизјан и текстура како класичните Маршал засилувачи за гитара.

Од техничка страна не е претерано набилдан и влегува во подолна класа (во однос на она денес што се случува на пазарот):

- 4,7-инчен екран, со дисплеј од 720p
- 2 ГБ РАМ
- батерија од 2.500 милиампери (се вади)
- процесор Снапдрагон 410
- камера од 8 мегапиксели
- Андроид оперативен систем
- 16 ГБ меморија
- место за дополнителна микроСД картичка

Водечката идеја на телефонот е музика, па она што го нема во технички спецификации го надополнува со аудиото. За разлика од останатите смартфони овој има два аудио излеза и два предни звучници. Уредот има посебно (физичко) копче М за брз пристап до музика, а од левата страна има златно тркалце за потенциометарот за звук. Во пакет со уредот доаѓаат и Маршал слушалки.

Цената на телефонот е околу 590 долари, а продажбата се очекува да започне на 21-ви декември.
  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

16 јули 2015 - 18:09