Кошмарите на Гугл

На Гугл моментално одлично му оди, со приходи од околу 3 милијарди долари на секои три месеци и раст од 20% годишно. Тоа што нам ни изгледа одлично некому му личи како почеток на крајот на Гугл, поточно дека сме го достигнале пикот на Гугл.

Списокот со потенцијални проблеми е следен:

1. Гугл и понатаму знае еден трик

Компанијата се уште е претерано зависна од еден извор на пари - реклами на резултати од пребарување. Гугл не објавува детални бројки за изворите на пари, ама претпоставката е дека две третини од парите доаѓаат од рекламите објавени на пребарувањата и останатите сервиси на Гугл.

2. Уделот во пребарувањата им останува ист (ама висок)
Моментално имаат 80% од пребарувањата во свет и 75% САД. Во меѓувреме Фајрфокс ја откажа соработката со нив и потпиша со Јаху (ова ги чини пад од околу 4%), а постои можност и Епл комплетно да се откаже од нив и да потпише со Бинг. Фејсбук одамна не зависи од нив.

3. Корисниците одат на друго место за информации за производи
Ако сакаат нешто да купат корисниците прво проверуваат на Амазон (имаат раст на пребарувањата од 75% од септември 2013-та до септември 2014-та), расте бројот на мобилни корисници кои времето најчесто го трошат на апликации, а не во интернет браусер. За лични контакти пребарувањата се прават на социјалните мрежи на кои Гугл нема комплетен пристап.

4. Огласувачите плаќаат помалку за реклами, и ова паѓа во изминатите 3 години

5. На Фејсбук одлично му оди во справување со ЈуТјуб, посебно во вадењето пари од видео реклами. Видеата објавени директно на Фејсбук добиваат поголем ангажман од корисниците, што дополнително им се допаѓа на огласувачите.

6. Губат контрола над Андроид
Гугл (генерално) бесплатно го дава Андроид на производителите на мобилни. Меѓутоа за тие да бидат сертификувани од Гугл како Андроид мобилни, производителот треба на уредот да ги инсталира и сите Гугл сервиси.

Проблемот е што се повеќе расте процентот на инсталирани Андроиди кои не се одобрени од Гугл. 14% од сите Андроид уреди продадени во последниот квартал на 2014-та се неавторизирани верзии.

7. Скарани се со ЕУ заради доминацијата во пребарувањата. Ако не ги решат проблемите, ЕУ има моќ да го казни Гугл со 10% од годишните приходи, и плус да му прават други проблеми по пат.

8. Си одат некои од главните луѓе на компанијата
Мариса Мајер која беше одговорна за изработката на пребарувачот на Гугл ја напушти компанијата во 2012-та и стана ЦЕО на Јаху.

Вик Гундотра кој ја создаде Гугл И/О конференцијата и беше одговорен за Гугл+ напушти во април. Енди Рубин кој го измисли Андроид и работеше на програма за роботика на Гугл напушти во октомври.

10 јануари 2015 - 20:11