Како игрица заработува 1,5 милиони долари на ден

Игрицата е Clash of Clans и е објавена за Ајфон во 2012-та. Од тогаш до денес таа е бесплатна за симнување и бесплатна (ако сакаш) за играње. Сумата од насловот се пари само од Ајфон, Андроид е дополнително.

Играта се базира на фримиум модел. Ја симнуваш и ја играш бесплатно со сите достапни опции, ама ако сакаш нешто да забрзаш или ти фалат пари во играта, треба да платиш.

Токму од ова плаќање, по неколку долари од играч, доаѓаат овие 1,5 милиони долари на ден.

11 јуни 2015 - 15:13