Епл, телефони, часовник и останати клучни точки од вчера

Како што е редот во последните неколку години, Епл во септември ја одржа годишната конвенција на која презентираше се ново што има сработено и што очекува вие да го купите во следната година. Без многу објаснување, ова се главните точки.

- Пак има два нови Ајфони - голема и мала 6-ка

- Ајфон 6 има дисплеј од 4,7 инчи, што е надградба од 4-те инчи на претходниот модел

- Ајфон 6 Плус има дисплеј од 5,5 инчи (Самсунг Галакси С5 има дисплеј од 5,1 инч)

- Двата нови телефони се потенки од ланскиот модел.

- Телефоните доаѓаат во варијанти од 16, 64 и 128 гигабајти. Пред-нарачки може да се прават уште од петок (12-ти), а испораката и продажбата почнува на 19-ти септември.

- Во САД цените со 2-годишен договор се:
Ајфон 6: 16 ГБ - 199 долари, 64 ГБ - 299 долари, 128 ГБ - 399 долари.
Ајфон 6 Плус: 16 ГБ - 299 долари, 64 ГБ - 399 долари, 128 ГБ - 499 долари

- 6 Плус е речиси со големина на Ајпад мини.

- И двата телефона имаат нов 64-битен чип. Според Епл тој е 20% побрз отколку процесорот на 5С.

- Батеријата е маргинално подобрена во однос на претходните модели. Ова маргинално и не е така лошо ако се има предвид дека новите модели имаат и поголем екран и посилен процесор.

- Шестките ја имаат подобрено работата на ВиФи-то.

- Имаат и подобра камера, со подобар авто-фокус и стабилизација. Плус опција за правење супер-забавени снимки (од 120 до 240 кадри во секунда), или селфија во серија.

- Телефоните доаѓаат со иОС 8.

- Презентирана беше и Епл Пеј опцијата за плаќање преку мобилен, која уште некое време нам нема да ни врши работи.

- Епл конечно го презентираше и часовникот - Епл Воч.

- На Епл Воч му треба Ајфон за да функционира.

- Почетната цена му е 349 долари и ќе биде достапен на почетокот од 2015-та.

- Часовникот задржува фантастичен Епл дизјан.

- Доаѓа со екран на допир и сите очекувани функции за паметен часовник.

10 септември 2014 - 09:32