Дали треба да купиш нов Ајфон?

Вчера низ светот почна продажбата на двата нови Ајфони, кои кај нас би требало да стигнат некаде околу Нова година. За до тогаш, еве го упатството на Вајард, дали треба да го купите 6-та (или плусот).

Имам Ајфон 5Ц или 5С
Не купувај. Без разлика дали имаш пари.
Ова по 2 основи:
1. Првата е крајно глобална и еколошка - треба да ти е гајле за сите ретки минерали и еколошката штета што се поврзани со создавање на телефонот што веќе го имаш.

2. Втората, ако веќе си купил 5Ц, што на прво место е глупост, тоа значи дека не ти е гајле за перформанси.

Издржи уште една година, и после поднови се.

Имам Ајфон 5 (или некој претходен) и задоволен сум со него
Твојот оператор ќе ти даде еден куп субвенции за новиот модел, а ако ти се свиѓа стариот, тогаш ќе бидеш заљубен во 6-та. Почасти се.

Правам безброј фотографии
Ајфон 5С има една од најдобрите камери на пазарот, која е послаба само од неколку модели на Виндоус телефони од Нокиа. 6 и 6 Плус имаат уште подобра камера од 5С. Не само што има подобар квалитет на изработка, туку и АПИ-то на иОС 8 им дозволува на програмерите да изработат апликации кои уште понапредно ќе ги користат опциите и функционалноста на телефонот. Ова тешко дека некој ќе го надмине.

Сакам да правам голи фотографии од мене и од мојот партнер(ка)
Епл имал, има и ќе има проблеми со безбедноста. Во однос на безбедноста на вашите податоци Ајфон не е добар избор.

Зависник сум од видео
Ако сакаш да снимаш видеа или да ја користиш опцијата за сликање во серија, купи го Ајфон 6 или 6 Плус. Детекцијата на фази во автофокусот Епл ја реши на начин кој гарантира дека сред снимање апаратот нема да биде растрчан со фокусирањето, туку се ќе му биде подредено без да ја губи острината на фокусот.

Живеам во Гугл сервиси
Ги има и за двете платформи, ама неспорно е дека се помоќни и поефикасни на Андроид, во што помага и самата поставеност на системот (како можноста за виџети).

Сакам да го "кастомизирам" телефонот
Ако сакаш да си играш со изгледот и функционирањето на телефонот, купи Андроид.

Сакам да користам НФЦ и за други работи освен плаќање
Ако сакаш безжично да го полниш телефонот, да препраќаш контакти и слично, купи Андроид.

Сакам да играм игри на телефонот
Апликациите се неспоредливо најсилната продажна точка на иОС екосистемот. Игрите за иОС излегуваат месеци пред да се појават за Андроид или Виндоус телефоните. Во иОС 8, Епл го промовираше Метал АПИ, кој ќе гарантира дека и кога ќе излезат игрите за Андроид и Виндоус, тие нема да изгледаат ни приближно добро, или брзо. На сето ова треба да го додадеш и новиот хардвер на Ајфон 6 и 6 Плус.

Трапав(а) сум
Новиот Ајфон е непоправливо мазен и нема ниту една ивица на која можеш да се задржиш. Плус ако имаш одбивност кон футроли, барај друг телефон.

20 септември 2014 - 15:32