А сега, Тесла пикап и камион

Освен регулар автомобили и џипови (кои речиси да немаат ништо регулар во себе), Елон Маск најави дека Тесла е на само неколку месеци од електричен пикап, а ќе има и камион.

За разлика од останатите авто-производители, ова како и слично важни соопштенија од Тесла, беше објавено од Маск на Твитер:

Делумно објаснувањето за ваквиот избор на канал за соопштението е што Маск на Твитер има 8 милиони следбеници, што е над 6 пати повеќе отколку што Тесла има на Твитер. По објавата на Твитер, акциите на Тесла имаа мал раст.

Маск уште минатата година кон крајот на јули во "Master Plan, Part Deux" ја објави својата амбиција за производство на поголеми возила. Во планот Маск порачува:

"Веруваме дека Тесла камионот ќе обезбеди значително намалување на трошоците за карго превоз, притоа зголемувајќи ја безбедноста и правејќи го возењето поинтересно".

Иако Маск ништо не посочи околу автономноста на камионите, во планот пишува "како што технологијата созрева, сите Тесла возила ќе го имаат хардверот неопходен за комплетно само-управување".

Инаку, тогаш планот беше пикапот да излезе во рок од 18 до 24 месеци.

15 април 2017 - 18:47