180.000 луѓе на Твитер мислат дека се експерти за Твитер

Нешто слично како што по телевизииве врие од најразлични експерти на секакви теми, така и на Твитер над 180 илјади корисници себе се опишуваат како: ветерани, господари, воини, евангелисти и слични форми на експерти на тема Твитер.

Бројките ги собира Б.Л. Охман од Адвертајзинг Ејџ која почна да ја составува листата пред 3 години, врз основа на био-то на Твитер профилите, кога беа опфатени околу 16.000 корисници.

Денешните 180.000 "експерти" успеале за себе да најдат 19 различни термини за да се поделат и за да ја опишат својата стручност, меѓу кои:

- авторитет
- консултант
- евангелист
- експерт
- фрик
- гуру
- господар
- специјалист
- ветеран
- воин

и 174 корисници кои се идентификувале како - Social Media Whore.

"Иако добар дел од овие само назначени гуруа несомнено титулата ја додаваат делумно и на шега, сепак останува фактот: гуру е нешто што некој друг треба да те нарече, не е нешто што сам си го кажуваш. Всушност, ај да го оставиме 'гуру' (санскритски за 'учител') за религиозните ликови или барем за луѓе со навистина уникатно знаење," пишува Охман.

8 Јануари 2013 - 09:34
Тагови: