Свет

ЕУ заплени 5 милијарди евра руски пари за себе

Добра вест за Киев: Западот реши да заплени 5 милијарди евра камати на руските пари што лежат во Европа. Лоша вест за Киев: нема да види пара од нив, Западот ги чува за себе за не дај боже.

Заминувањето од Русија, странските фирми ги кошта 107 милијарди долари

Напуштањето на рускиот пазар по руската агресија на Украина не е ни лесно ни евтино. Ако сакаш да заминеш, она што го имаш таму ќе мора да го продадеш со попуст од минимум 50% кој оди и до 9о% а некогаш се продава и за една рубља.  Плус треба да се уплати десеток од продажбата во буџетот. Не е чудно што од илјадниците странски компании кои се колнеа дека ќе заминат, досега комплетно дигнале сидро од таму само 372.

Дали гладот во Газа ќе се претвори во обвинение за геноцид за Израел?

Кога во јануари пред Меѓународниот суд на правдата беше изнесено обвинението дека Израел врши геноцид, судот одлучи дека Израел сепак има право да се брани и дека неговата операција не е геноцидна. Притоа му даде на Израел список од шест предупредувања, меѓу кои и тоа дека треба да ги подобри лошите услови на живот на Палестинците во Газа.

Конгресот не може да го навјаса Пентагон со пари

Минатата недела американскиот Конгрес во обид колку толку да пушти некоја помош одобри нови 300 милиони долари помош за Украина. Излезе дека Пентагон ги има потрошено парите уште пред 4 месеци.

На британската армија ќе и снема муниција после 10 дена војна

Во случај да избие војна Британците ќе можат на непријателот да му парираат 10 дена со муниција, тврди во сведочењето пред британскиот Парламент поранешен висок функционер на тамошното министерство за одбрана.

Мостот што заглави трговија од 81 милијарда долари

Пристаништето во Балтимор е 9-то по големина американско пристаниште за производи од странство, преку кое годишно минуваат околу 52 милиони тони роба. Од вчера пристапот во пристаништето е блокиран откако брод директно се заби и го сруши мостот кој минува по целиот пристап до заливот во кој што се наоѓа пристаништето.

Членството во НАТО ќе донесе и задолжително служење војска?

Балтичките лидери ги притискаат членките на НАТО да почнат работат на враќање на задолжителното служење војска во своите држави, за да имаат доволно луѓе подготвени за заканата што доаѓа од Русија.

Прајд знамињата забранети во сите американски амбасади

Новото задолжување на американската влада од 1.200 милијарди долари, изгласано и во двата дома на Конгресот и потпишано од Бајден, кое ќе спречи затворање на администрацијата, доаѓа во пакет со забрана за бесење Прајд знамиња во која било американска амбасада во светот.

Погодете кој ќе претседава со форум на ОН за женски права?

Without further ado: Саудиска Арабија! Таа држава издејствувала да биде главна во комисијата за женски права и родова еднаквост на Обединетите нации а организации како Амнести се ужаснати од оваа хипокризија. Со оглед на дебелото досие на Саудиска Арабија на тема женски права, ќе дочекаме ли и педофил да стават за прв човек на Уницеф?

ЦЕО-то и добар дел на раководството на Боинг дадоа оставки

Првиот човек на Боинг, Дејв Калун, ќе ја напушти компанијата до крајот на годината, раководителот на одделот за комерцијални летала ќе се пензионира веднаш, а претседателот на бордот нема да бара реизбор, е исходот на неколкумесечната катастрофална серија на грешки што ги зафати авионите на Боинг.

Прави што ќе правиш, гледај да не си сам/а

Самотијата е полоша за лицата над 65 години отколку алкохолизам, дебелина, пушење по 15 цигари на ден или терање седечки начин на живот.

Бајден е од страната на етничкото чистење во Газа

„Помагав во воздушните евакуации во Авганистан, организирањето и носењето помош на фронтот во Украина, помагав во градењето патишта во Руанда,“ пишува активистот Амед Кан во Интерсепт. „Ништо од тоа не ме подготви за она што го доживеав во Газа во обид да внесам неколку камиони со храна и лекови.“

Германија не трпи незадоволство

Се чини дека како што германските гласачи сè повеќе се вртат против владата, владата станува сè поавторитарна. Иако неуспешно се обиде да ја претстави побуната на земјоделците како дело на крајната десница, непопуларната влада на Шолц и натаму сака да се заштити од опозиција. Ако коалицијата на Шолц беше навистина толку загрижена за ерозијата на демократијата, треба прво себеси да се погледне во огледало.

Канаѓаните ќе се кренат на бунт да знаат колку се банкрот

Без разлика колку е сега лоша ситуацијата во Канада, таа „најверојатно дополнително ќе се влоши во следните пет години“ порачуваат авторите на извештајот изработен за потребите на канадската полиција, која ја предупредува федералната влада дека може да и се случат граѓански немири.

САД побарале Украина да запре со напади на руски рафинерии

Пораката пренесена од Вашингтон до властите во Киев е дека нивните дроновски напади на руски нафтени рафинерии на руска територија ја покачува цена на нафтата низ цел свет и за сите, плус ќе повлече и одмазда од руска страна.

НАТО има дупка, а нема кој да ја полни

Европскиот дел од НАТО, ќе треба да најде дополнителни 56 милијарди евра годишно за да го пополнат буџетот на алијансата до договорената сума од 2% од годишниот бруто домашен производ на секоја членка.

Што ќе и се на Русија сателити кога ги има американските?

Не само што комплетната американска помош за Украина е секната, туку украинските власти забележале дека Русија има сериозна помош од американски компании во своите напади против украински цели.

Некогаш само ѕид врши работа од комшии

Иако за ѕидови и бодликави огради се зборува само кога се сака да се нагласи назадноста и нечовечноста на Трамп или Орбан, постои еден друг ѕид меѓу две држави, долг колку од Скопје до Богданци, кој бааги врши работа. Оној кој навреме го подигна Доминиканската Република, насетувајќи го хаосот кој ќе го зафати соседно Хаити. Благодарејќи на ѕидот, стапката на криминал е рапидна намалена.

Украина ги спука Чешка и Словачка како што ни разделувањето не ги раскара

Додека Чесите сега се актуелни по тоа што имаат разработено еден од најдеталните планови за наоѓање и собирање артилериска муниција за украинската армија, Словаците целосно ја суспендираа помошта за Украина ветувајќи дека нема да испратат ни куршум во Киев и бараат Украина да почне преговори со Русија.

Таман кога Ирска помисли дека има рецепт за демократија

Ирска со години беше славена како патоказ за непосредната демократија со нејзините „граѓански парламенти“, случајно избрани луѓе кои дебатираат па после даваат препораки за некое прашање. Така успешно поминаа два битни референдуми, за истополовите бракови и за абортусот. Таман поверуваа дека ја имаат формулата, последниот двоен референдум доживеа маестрално фијаско. 

Американските пријатели му вртат грб на Нетанјаху

Говорот на лидерот на сенатското мнозинство се оценува како пресвртен во односот на САД кон Нетанјаху. Пораките доаѓаат од човек од кој ретко кој бил повеќе про-Израел а една од нив е дека цивилите во Газа не заслужуваат да страдаат заради гревовите на Хамас. Политички уште поважна е пораката дека оваа влада на Нетанјаху, веќе не му врши работа на Израел. 

На Линдзи Грем не му се доволно загинати Украинци

Американскиот сенатор во Киев побара од украинските парламентарци што е можно побрзо да го изгласаат законот за мобилизација, кој значително ќе ги снижи границите за тоа кој се може да биде мобилизиран во украинската армија.

Макрон крие колку француски војници веќе загинале во Украина?

Шефот на странското разузнавање на Русија тврди дека Макрон навистина подготвува ешалон војници кои би би пратил во Украина. Според Сергеј Наришкин, упорното настојување на Макрон да ја држи опцијата за праќање војници во Украина има за цел да се маскира бројот на француски војници кои веќе имаат загинато на боиштето, од страв да не излезе народ на улица. 

Русија бара Германија да ја признае опсадата на Ленинград за геноцид

Опсадата на Ленинград и останатите злосторства извршени од Третиот Рајх против Советскиот сојуз треба официјално да бидат признаени од Германија како Геноцид, бара руската влада.