Зошто Шведска го врати задолжителното служење војска

Пред само седум години Шведска го укина воениот рок, ама откако се случија "безбедносни промени во соседството", реакцијата на Шведска во опкружување како на Шведска е дека сепак редовното служење војска е фина заштита од промените во околината.

109 години старата традиција на задолжително служење војска во Шведска беше укината во 2010, а бројот на нови војници беше ограничен на 5.000 годишно, што е само 10% од дотогашниот просек. Во вторникот Швеѓаните објавија дека го враќаат воениот рок.

Реактивирањето се должи на потребата од "воена подготвеност" и тоа што откако во 2010-та е укината обврската Шведска има проблем да ја пополни потребната квота со волонтери.

"Руското нелегално анектирање на Крим во 2014, конфликтот во Украина и растечката воена активност во нашата околина се некои од причините," објаснува во интервју за Бибиси портпаролот на шведското министерство за одбрана.

Изминативе години Шведска ја обвини Русија дека нејзини воени авиони го нарушуваат шведскиот воздушен простор, и за агресивни активности на морнарицата во Балтичкото море. Првиот човек на шведското контраразузнавање обвини дека една третина од дипломатите во руската амбасада во Стокхолм се шпиони.

Во 2014 задолжителен воен рок повторно воведе и Украина, а следната година на иста мерка се реши и Литванија. Првата генерација нови регрути на Шведска ќе биде од машки и женски родени во 1999.

6 март 2017 - 12:58