Зошто полицаецот од Фергусон никогаш нема да биде осуден

Фергусон се смири по основа "да оставиме судот да ги реши работите." Поротата вчера одлучи дека не треба да се подигнува судска постапка против полицаецот Дарен Вилсон за убиството на Мајкл Браун. Од ноќеска Фергусон повторно гори. Според новинарот на Слејт јасно е дека Вилсон никогаш нема да лежи затвор, "ама па ако ништо друго, подигнување обвинение против него ќе покажеше дека животот на Браун значел нешто."

Синоќа обвинителот соопшти дека 12-члената порота одлучила дека Дарен Вилсон нема да биде обвинет за убиството, објаснувајќи дека тие имале предвид пет основи за подигнување обвинение, ама поротата била уверена од доказите што се достапни дека Вилсон имал разумна основа да го застрела Браун, и не е одговорен за убиството.

Според Џамил Буи од Слејт, ова не е изненадување бидејќи екстремно ретко се случува полицаец да биде одговорен за пукање, а уште е поретко тој кривично да одговара за тоа. Тој потсетува на еден случај од Џорџија од почетокот на годината кога полицијата во рација на еден дом ранува мало дете. Поротата во овој случај проценува дека "целата постапка на истрагата која довела до овие настани била избрзана, аљкава и спротивна на препораките за најдобри пракси и процедури." И покрај ова никој од полицијата не одговара.

Во претходен случај, Врховниот суд на САД решава во корист на полицијата, која за време на една автомобилска потера испукала 15 куршуми во автомобилот убивајќи ги возачот и со-возачот. Тогаш одлуката на судот е "полицајците оправдано можат да пукаат кон осомничениот за да стават крај на сериозна закана за јавната безбедност, тие нема потреба да престанат со пукање се додека не се стави крај на оваа закана."

"Има два генерални стандарди за користење смртоносна сила од полицијата, која им дава голема слобода на полицајците во користење на нивните оружја. Врховниот суд дозволува полицијата да го користи своето оружје во две околности: да го одбрани сопствениот живот и да спречи криминалец во бегство. Ако Вилсон верувал дека Браун бил криминалец - или дека извршил кривично дело - тогаш тој оправдано го сторил ова според постојниот закон. И ако Вилсон верувал дека е во опасност да го загуби сопствениот живот - верување кое треба да биде само 'објективно разумно,' а не веројатно или дури возможно - и тогаш, тој бил во право според постојниот закон...

... Освен ако не се случеше нешто вонредно, Вилсон секако ќе беше ослободен. Судскиот систем каков што ние го создадовме не е опремен - или волен - да бара одговорност од полицијата за пукање или други прекршоци. Или поинаку да го свртиме, едноставниот факт е дека полицијата може да убие за речиси која било причина со многу малку страв дека ќе бидат кривично гонети," пишува Буи.

Видеото е компилација од ноќеска:

Изјавата на Обама во врска со одлуката на поротата:


Записникот од одлуката на поротата:

Darren Wilson Testimony

25 ноември 2014 - 09:38