Зошто младите Французи не сакаат прогресивен претседател?

Во Британија на гласањето за брегзит младите не го добија она за што навиваа, во САД имаа ист исход за време на претседателските избори. Ништо поразлично не минаа ни во првиот круг од изборите во Франција.

Додека севкупно во прв круг победи Макрон, а Ле Пен беше втора, кога би се прашувале младите на возраст од 18 до 24 години, победник би бил Меленшон. На анкетите крајно левиот кандидат доби поддршка од околу 30% од оваа група, Ле Пен беше на второ, а Макрон на трето место.

"Во очигледен контраст на Британија и САД, резултатите од француските анкети покажуваат дека младите го поткрепуваат популизмот во земја каде невработеноста меѓу младите останува тврдоглаво висока уште од времето на финансиската криза во 2007. Околу четвртина од младите во Франција денес се невработени - три пати повеќе од Германија и два пати повеќе од Британија," пишува Амна Модин во текстот за Кварц.

Како претходница на ова таа ги наведува неуспесите на централно десните и централно левите влади во борбата со невработеноста, заради што младите пребегнуваат кај кандидати кои се против глобализацијата, како Меленшон и Ле Пен, наместо кај прогресивните.

Самата Ле Пен е еден од најуспешните примери на европската десница, откако привлекувајќи ги младите гласачи и жените успева да го издигне Националниот фронт од маргинален играч во една од најважните партии во земјата. Во ребрендирањето на партијата таа ги освојува младите преку преземање каузи од левицата, како права на жените, и борба за поголема социјална помош и поддршка (ама за Французите, не за странците).

 

24 април 2017 - 17:15