Живот моторџиски

Минатата недела во престрелка меѓу моторџии, во која учествуваат 5 моторџиски банди, убиени се 9 лица, 170 се повредени, а полицијата запленува околу 100 парчиња оружје. За престрелката зборува поранешен член на една од бандите, кој подоцна станува агент на ДЕА.

Поранешниот моторџија се вика Чарлс Фалко, кој во 2014-та објави книга за своето искуство "Vagos, Mongols, and Outlaws: My Infiltration of America's Deadliest Biker Gangs."

Фалко објаснува дека бандите постојано се во пресметка едни со други, меѓутоа тоа обично се мали престрелки во кои има по една жртва на секои шест месеци. Најчеста причина за судир меѓу бандите е борба за територија.

Генезата на последнава престрелка започнува од тоа што Бандидос го сметаат Тексас за своја држава, заради што тој им е испишан на нивните елеци, што пак последователно значи дека ниту една друга банда не смее да го има на нејзиниот елек. Бандидос го дозволува постоењето на неколку помали моторџиски банди во Тексас, ама тие не смеат никаде на елекот да го имаат испишано обележјето. Бандидос постојат од 1966-та, три години подоцна се формираат Козаците кои најголем дел од своето постоење функционираат како моторџиски клуб, а не како банда. Со тек на време расте бројот на Козаците, кои исто така стануваат порадикални и регрутираат повеќе закоравени моторџии. Во еден момент Козаците одлучуваат да испишат Тексас на своите елеци, "што на Бандидос им кажува дека тие веруваат дека ова е нивна територија и тие се подготвени да умрат за ова."

"- Значи ова е нешто што тие само го носат на нивната облека?

- Да, на нивните елеци.

- Како изгледа тоа?

- Полукруг на кој е напишано името на државата. И тоа ја предизвика оваа битка - тоа што тие го ставија Тексас."

Според Фалко, контролата на територија нема никакво скриено значење и не значи дека бандата полага право нелегални активности (шверц, дрога, проституција...) на таа територија како што е во Канада и Европа. Кај американските банди контролата на територија е чисто заради контрола на територија, "се тепаат за територија само за да кажат дека тоа е нивна територија."

"- Значи чисто заради забава?

- Да. Просто да ти објаснам: зборував со еден од Аутолус и тој ми вели: 'Знаеш што, ако ги немавме Хелс Ејнџлс за да водиме војна со нив, веројатно ќе водевме војна меѓу нас. Тоа е она што го правиме.'"

целото интервју тука

26 мај 2015 - 11:56