Железница со минус од хамбургери

Во светот на неверојатните американски бројки, Амтрак (железничката компанија која ги спојува двата брега на САД) има минус од 833 милиони долари - и тоа само во секторот храна.

Она заради што овие бројки се неверојатни се цените на храната во Амтрак, како хамбургер од 9,5 долари, на што компанијата плус добива и субвенции од околу 7 долари.

Амтрак се обидува да го реши проблемот со минусот кај храната веќе 30 години, откако во 1981-ва на барање на Конгресот мораа да ја воведат услугата во своите возови. Бројките за минусот на Амтрак излегоа за време на ревизијата направена на барање на Конгресот, бидејќи компанијата добива субвенции од буџетот.

Во извештајот се тврди дека главни причини за минусот се: крадење, отпадоци и лош надзор на работата на секторот.

Процената е дека околу 87% од крадењето се случува на долгите дестинации, и тоа на ист начин како што келнер краде во кафич: не внесување на продукти на сметка, продавање на производи кои сам ги донел на возот, директно крадење или зголемување на сметките на патниците од прва класа.

Извештајот открил и дека двата одела кои го надгледуваат секторот за храна, никогаш во своето постоење не се координирале за да ги спречат кражбите или да го подобрат неговото работење.

4 август 2012 - 14:48