за жал

Забрането фрлање политичари во контејнери

Најновата забрана доаѓа директно од украинското министерство за внатрешни работи, од каде бараат барем за време на предизборна кампања луѓето да бидат малку цивилизирани и да престанат да ги фрлаат политичарите во ѓубре.

Повикот од МВР следува откако повеќе функционери и политичари во Украина беа фрлени контејнери за ѓубре, со тоа што неколку од нив заедно со контејнер беа испорачани и до локалните изборни штабови.

Дел од службените лица и до 20 минути биле задржани во затворени контејнери.

Официјално фрлањето е дел од "народната лустрација" и најчесто има се случува на луѓе кои соработувале со режимот на Јанукович.

29 септември 2014 - 11:25