Водич за синовите на Ромни

Откако на еден од синовите на Ромни му се падна задачата да им се заблагодари на Македонците, време е да се запознаеме со оваа негова петорка арслани. Ама, што се битни неговите синови? Ама така и за Буш зборевме.

Нам Бен ни се падна:


од лево кон десно: Мит, Таг, Бен, Мет, Крег, Ен и Џош.

Таг Ромни:

Роден 1970-та, женет со Џенифер, три деца, партнер во компанијата Solamere Capital, живее во околината на Бостон, од музика го поштуе Били Џоел.

Мет Ромни:

1971-ва, женет со Лора, три деца, потпретседател во Excel Trust, Inc, живее во Сан Диего, од музика: Cake, Ozomatli, The Shins, Iz, White Stripes, Beck, Coldplay, Led Zeppelin, Luna и Bob Marley

Џош Ромни:

Роден 1975-та, женет со Џен, три деца, се бави со недвижнини, живее во Солт Лејк Сити, не е по музиката ама има политички амбиции.

Бен Ромни:

Роден 1978-ма, женет со Анделин, нема деца, живее во Бостон, по професија доктор интернист.

Крег Ромни:

Роден 1981-ва, женет со Мери, две деца, живее во Сан Диего, недвижнини, верува дека Алек Болдвин во серијата "30 Rock" ja џапнал фризурата од татко му.

 

6 ноември 2012 - 10:12