Во Вирџинија соборен и Колумбо

Иако со години брендот Кристофер Колумбо стануваше се поконтраверзен заради сè што се случува по неговото „откривање“ на Америка, ликот главно беше оставен на раат заради политичка коректност и моќ на италијанското малцинство. Овој пат тоа не помогна.

Статуата на Кристофер Колумбо во Ричмонд беше оборена, запалена и фрлена во езеро како дел од вчерашното продолжение на протестите започнати по смртта на Џорџ Флојд.

Операцијата е спроведена со неколку јажиња, а додека  демонстрантите ја рушеле статуата, до нејзината основа бил поставен знак „Колумбо претставува геноцид“.

Освен зулумите што ги има правено низ Карибите (во 15-от век), Колумбо последниве години е осудуван од американското домородно население, за кои со неговото стапнување на континентот започнува повеќевековен геноцид против домородното население во Америките.

Статуата во Ричмонд е поставена во декември 1927.

Во меѓувреме локалните власти во Антверпен решија да не ризикуваат многу со споменикот на својот ценет крал Леополд Втори, познат по своето брутално геноцидно владеење со белгиските колонии во Африка, па истиот го спакуваа од неговата локација во градот и го пренесоа во музеј. Се проценува дека белгискиот крал е одговорен за смртта на над 10 милиони жители за време на неговото 23-годишно владеење со Конго.

10 јуни 2020 - 16:54