Владите ветуваат работи што не се под нивна контрола

Економскиот патриотизам е научна-фантазија и начин на луѓето да им се всади идејата дека владите можат да направат нешто што всушност не зависи од нив ниту го контролираат, објаснува поранешниот италијански премиер Енрико Лета.

Тој објаснува дека глобализацијата не е "волан во рацете на владите" туку дека таа е одредена од технологијата и прогресот на светско ниво. Она што може да направи една влада е да ја менаџира транзицијата кон глобализација и последиците од тоа.

"Меѓутоа идејата да се блокира глобализацијата со изградба на ѕидови, граници, царини, по мене е нешто што не е возможно, и начин да се предизвикаат проблеми во меѓусебните односи," изјавил Лета на Сиенбиси.

Лета, инаку актуелен декан на Париската школа за меѓународни работи, објаснува дека Европа и Азија мора да продолжат да се поврзуваат со билатерални трговски договори, со цел да ги засилат своите врски пред очекуваната само-изолација на САД во глобалната трговија.

10 јануари 2017 - 10:37