Велика Британија под локална самоуправа на ИСИС

Навежбани актери и скриени камери го предизвикаа и забележаа шокот на Британците кога едно утро неочекувано дознаваат дека нивниот град паднал под окупација на ИСИС.

Во организација на Save the Children, луѓето од британскиот град Сари беа наседнати со видео пранк со вградена социјална димензија: како би реагирале кога би морале да живеат во услови слични на оние во Сирија. 

Видеото ги бележи нивните реакции кога откриваат дека училиштето им е затворено, кога влегуваат во продавница со празни рафтови или кога се подвргнати на неочекувани претреси на локалната полиција.

"Ако просечен европски граѓанин не би издржал доколку му ја секнат храната, здравствената заштита или образованието, зошто тоа се очекува да го издржат семејствата од Сирија?", прашува првиот човек на организацијата.

Според УНХЦР, секој петти Сириец е бегалец а 4 милиони луѓе ја имаат напуштено својата татковина во најголемата бегалска криза на светот во последниве 25 години.

Еве го видеото од жителите на Сари кои неочекувано се ставени под блага управа на ИСИС:

31 август 2015 - 14:17