Убаво е да си пријател со Путин

Двајца пријатели на Путин, еден од детството, обајцата санкционирани од Запад заради врски со рускиот претседетел, обезбедија договори со државата вредни преку 8 милијарди долари.

Договорите се однесуваат на изградба на мост до Крим и огромен удел во изградба на сибирскиот нафтовод.

Еден од луѓево е милјардерот Аркадиј Ротенберг кој со Путин се познаваат од мали нозе и кој претходно имаш осигурано договори во вредност од 7 милијарди долари за Олимпијадата во Сочи.

Втората компанија е на олигархот Генадиј Тимченко која исто така е под санкции од ЕУ и САД заради блиска поврзаност со рускиот претседател.

Двете компании соопштија дека диловите ги обезбедиле преку фер натпревар со конкуренцијата.

18 декември 2014 - 15:37