Треба ли Америка да ја вооружува Украина?

Во една од првите сцени во репортажата руски бунтовник истрелува еден куршум од Клашников во метална плоча од панцир на украински војник. Го пробива како да е алуминиумска фолија.

Симон Островски од Вајс прво разговара со руските бунтовници, кои го шетаат низ фабричка хала преполна со демолирани возила. Според нив, сите возила се запленети од украинската армија, а слично ќе се случи и со која било помош што Американците би им ја испратиле на Русите.

Досегашната помош од САД се сведува во пари за засилување на механизацијата што ја имаат и системи за комуникација. Сега Украинците бараат оружје.

28 март 2015 - 17:33