Тереза Меј го објави планот од 12 точки за брегзит

Британската премиерка попладнево го објави својот план за излегување на Британија од Европската Унија. Заедничкиот впечаток од прес-конференцијата е - ова стварно нема да биде лесно.

Пред 6 месеци британскиот народ со отворени очи гласаше за напуштање на Европската Унија... и работа е на оваа Влада да го испорача тоа, порача Тереза Меј на почетокот од својот говор.

Нејзина позиција е дека во интерес на Британија е ЕУ да успее како проект, а и таа самата порача дека не го подржува распаѓањето на Европската Унија.

Без разлика каков ќе биде исходот од преговорите со ЕУ, секој постигнат договор ќе треба да биде изгласан и прифатен од двата дома на британскиот парламент. Таа вети и дека нема да бара "неограничен" период за транзиција.

Севкупно планот на Меј е проценет како "тврд" брегзит.

Преставена како "Планот за Британија" листата на Меј има 12 точки:

1. Давање сигурност околу процесот за заминување од ЕУ.

2. Контрола на нашите сопствени закони.

3. Засилување на Сојузот меѓу 4-те нации што го сочинуваат Обединетото Кралство.

4. Задржување на заедничката патничка зона со Република Ирска.

5. Контрола на имиграцијата што доаѓа од ЕУ. ()

6. Права за граѓаните на ЕУ во Британија, и за Британците во ЕУ.

7. Заштита на работничките права.

8. Слободна трговија со европските пазари преку договор за слободна трговија. (Излегување од заедничкиот пазар.)

9. Нови трговски договори со земјите кои не се членки на Унијата. (Излегување и од Царинската унија на ЕУ.)

10. Соработка со европските партнери на тема наука и иновации. (Едно од основите по која Британија и понатаму ќе уплаќа средства во буџетот на ЕУ.)

11. Соработка со европските партнери во борбата против криминалот и тероризмот.

12. Мирен и уреден брегзит. (Имплементација на сите договори во фази, за да се избегне "притискање до раб".)

17 јануари 2017 - 15:05