Таксим не е Тахрир

Разликата не е само во тоа што полицијата успеа да ги избрка демонстрантите и не им дозволи да го претворат плоштадот во центар на револуцијата, ниту пак тоа што Турците не се Арапи, ниту пак тоа што политиката во Турција не е како во Египет, Либија, Сирија, Тунис или Алжир.

Наспроти сите ликови што ги гледавме во Арапската пролет, клучното тука е што Ердоган пред се е политичар, а сите негови "гревови" се поддржани од политичката ситуација во земјата.

Ердоган 3 пати по ред е избран на легитимни национални избори, и секој пат со повеќе гласови отколку претходниот. Делумна причина за успехот е и поделениот парламентарен систем кој на неговата влада и дава моќно мнозинство.

"Нема потреба тој да се однесува реформистички, бидејќи поделената нација му оди во корист. Турција е доволно голема за да го истрпи гласното незадоволство од демонстрантите, додека во исто време уште поголем дел од општеството сака само ред и мир. Зборувајќи во трето лице за себе, Ердоган вели: 'Премиерот е строг. Жал ми е. Овој премиер нема да се промени,' бидејќи од изборна гледна точка и не мора."

Во исто време, бидејќи се уште е политичар справувањето на Ердоган со демонстрантите беше сурово, но не и брутално. Од солзавецот, водените топови и јуришите со пендреци илјадници настрадаа, меѓутоа најголемиот дел до повредите беа мали и имаше само 3 смртни случаи (споредно со стотиците во Египет и на другите места). Нема тепачи качени на коњи кои јуришаат на демонстрантите, нема пукање, нема малтретирање и тепање жени пред камерите на СиЕнЕн.

Не е спорно дека полицијата беше сурова во справувањето со толпата, меѓутоа најшокантната слика (жената во црвено испрскана со солзавец) не е ништо посурово од она што Американците го имаат видено за време на Окупирај го Вол Стрит протестот.

"Ова не значи оправдување на насилството од страна на полицијата, меѓутоа тие покажаа доволно самоконтрола за да избегнат да создадат уште еден Хосни Мубарак, а не се ниту приближно до ликот на Башар ал-Асад. Ердоган ќе биде суров колку што ситуацијата му дозволува. Демонстрантите речиси сигурно ќе се вратат и можеби избувливиот премиер во еден момент ќе претера со својата реакција. Меѓутоа промените во Турција мора да дојдат на избори, и сега задачата на демонстрантите не е да го променат размислувањето на Ердоган, туку размислувањето на гласачите."

12 јуни 2013 - 22:02