од каде е целиот овој хаос

Светот меѓу две ери

Откако победи во Студената војна, на Америка и светна дека сега ќе треба и да се грижи за целиот овој свет. По неполни две децении пробување да ги пофаќаат конците, Американците кренаа раце. По ова останува вакуум што го користи секој од ИСИС до Русија и Кина.

"Сонот за ера на американската доминација по Студената војна траеше помалку од една генерација, од 1989-та до 2003-та, кога сонот за некои, и кошмарот за други, за американска империја се закопа себе си некаде во песоците на Ирак.

Во меѓувреме ниту една од Големите не постигнува ниту еден поен без разлика дали е Г8 или Г20, кои треба да ги претставуваат вчерашните и утрешните најмоќни нации. Каде се оние кои барем и најмалку ќе имаат влијание на трагедиите на нашето време? Хипотезата за Г2, американско-кинески кондоминиум на светските работи, се покажа дека е само блеф.

Изгледа дека во меѓународниот систем преовладува само едно правило, хаосот. Нема механизам за решавање конфликти, нема институционализиран дијалог меѓу државите, нема форум за управување со светот кој ќе може да влијае на драматичните настани кои се случуваат низ планетата," пишува во анализата на Ле Монд.

Анализирајќи ги главните ликови, францускиот магазин Еспирит објаснува дека моќта на западниот блок не е дека е во пад, туку дека неговата хегемонија бледее. "САД се во период на релативно стратешко 'повлекување.' Освен во трговијата, Европа се има откажано од каква било улога на светската сцена."

Во исто време Азија се наметнува како нов економски, научен и воен центар, а во неа Кина е "среќна да ја игра улогата на кум во семејство на земји во развој, меѓу кои Индија, Бразил, Турција, Индонезија и други." Природно би било овие земји заради моќта на нивната економија и демографија, да се меѓу новите светски центри на моќта. "Ама се уште не се, и не ни сакаат да бидат. До сега тие ја отфрлија секоја можност за решавање на сегашните светски конфликти."

"Еспирит го формулира првото објаснување на сегашниот 'светски неред,' односно дека моќта не е префрлена од Западот на останатите, со тоа што под овие вторите се подразбираат земјите во развој. 'Ние не комуницираме системи во кои релативното повлекување на САД, апсолутното повлекување на Европа и парализата на О.Н. ќе бидат компензирани со активната улога на развиениот југ во новиот светски поредок.'

Новите сили не нудат никаква алтернатива на наследениот систем од Втората светска војна кој е пред колапс. Од таму е и ова чувство на празнина, на живеење меѓу две ери, што е одлична средина за хаосот," пренесува Ле Монд.

30 септември 2014 - 13:00