Струја на погон од загадување од струја

И само како концепт ова звучи брилијантно паметно: батерија што се полни од загаден воздух, не и се важни ПМ честички, важно е да има јаглерод-диоксид. А не е само концепт.

Изумот од Пенсилванија стејт универзитетот предвидува батеријата да биде поврзана на оџаците на електрани кои работат на фосилни горива.

Она што не се знае е дали процесот ќе биде економски исплатлив во големи размери, иако "првичните резултати ветуваат."

Целиот процес предвидува издувните гасови од оџаците на електраните да се мешаат со течност базирана на вода, кои потоа користејќи многу, многу, многу наука ја полнат батеријата.

Како што објаснуваат неговите автори: "Ова решение нуди алтернатива, поедноставен начин за вадење енергија од емисиите на ЦО2 споредено со постојните технологии кои имаат потреба од скапи материјали за катализирање и многу високи температури за конвертирање на ЦО2 во употребливи горива". Предноста на нивното решение е и што може да работи на собни температури.

Според истражувачите ова решение дава 200 пати подобри резултати од речиси сите претходни слични методи.

11 февруари 2017 - 16:58