Сите поделби и тензии што излегоа од брегзит

На само неколку дена по референдумот за напуштање на Унијата излегоа првите нус-појави од инсистирањето на Британците за отцепување од ЕУ. Асошиејтед прес сумираше неколку проблеми кои се појавија само на територијата на поранешна и сегашна ЕУ.

- Шкотска: нов референдум за шкотската независност е многу веројатен.
- Северна Ирска: Шин Фејн сака референдум за обединување на Северот со остатокот од Ирска. Се плашат од враќање на граничната контрола меѓу двете Ирски.
- Гибралтар: Мадрид сака да му биде вратена контролата над британската енклава.
- Франција, Кале: Локалните политичари сакаат да се ревидира договорот постигнат со Британија за спречување на мигрантите да го преминат тунелот под Ла Манш кон Англија.
- 6-те земји основачи на ЕУ сакаат Британија што е можно побрзо да го започне процесот на напуштање на ЕУ.
- Дел од членките сакаат референдуми налик Брегзит, друг дел бараат преговарање на условите за членство во ЕУ.

27 јуни 2016 - 10:25