Шведска вест на денот

11-годишно дете од Стокхолм во паника се јавува во полиција за да пријави дека некој му упаднал дома. Полицијата инстантно интервенира, стига во домот и гледа дека нема провалник. Потоа продолжува по шведски.

По решавањето на проблемот со провалникот (на детето нешто му лупнало па помислило дека е крадец), полицијата се зафатила со решавање на другите проблеми на детето - домашна по математика.

"Тој и се јавил и на мајка му ама бил сам дома кога дошла полицијата, па не сакале да го остават сам и седнале со него да решаваат таблица за множење и останатата домашна," изјавил портпаролот на полицијата, според кој малиот добро направил што се јавил.

Твитот на полицијата за помагањето околу домашната бил ретвитуван речиси 2.000 пати, и фејвуван 4.500 пати.

20 октомври 2014 - 13:56