Што подразбираат Кинезите под демократија?

Во Австралија, кинескиот претседател неодамна изјави дека земјата има цел до средината на овој век стане "модерна социјалистичка држава која е просперитетна, демократска, културно напредна и хармонична." На австралискиот премиер не му се верува што слуша, конкретно околу делот "демократска." Магазинот Економист објаснува како Кинезите го сфаќаат зборот.

Кинескиот службен јазик е полн со политички термини кои на западното либерално уво може да му звучат прогресивно. Кинеската влада долго време тврди дека ги заштитува "човековите права." Ова има западен призвук кој те наведува да мислиш дека во земјата се уживаат "слободата на говорот, печатот или собирање," и така натака. Во октомври, Централниот комитет на Комунистичката партија одржа пленарна сесија на темата "владеење на правото," во која комплетно беше поддржан постојниот устав. Меѓутоа Кина претпочита тесна економска дефиниција на "човекови права" и никоја од овие декларирани слободи , ниту капацитетот на уставот, не е толку голем за да заштити кој било што ќе го предизвика владеењето на Комунистичката партија. Затоа Илхам Тоти, универзитетски професор, во септември беше осуден на доживотна робија заради критикувањето на етничките политики на партијата.

Зборот "демократија" или "минжу" е релативно нов во кинескиот, и е додаден во јазикот од јапонските писатели за време на Меиџи реформата од пред еден век (заедно со зборот "слобода" или "зијоу"). На почетокот од 1900-те "демократијата" имала исто значење како и на Западот - а по падот на Ѓинг династијата Кина дури спроведува и вистински избори во 1912-13. Меѓутоа демократијата не се задржува. Победникот на овие избори, Сонг Џиаорен, е убиен пред воопшто да стане премиер, по што следуваат децении немири и граѓанска војна. Водејќи ги комунистите кон власта, Мао го инкорпорира зборот "демократија" во партискиот говор за да ја освои поддршката од народот. Меѓутоа што точно мисли Мао, станува јасно во 1949-та кога тој обзнанува дека Кина ќе биде управувана од "демократската диктатура на народот."

Фразата исто така е инкорпорирана и во првиот ред од уставот. Во него исто така се вели и дека законодавците на земјата се избираат на "демократски избори" и дека државните претпријатија "практикуваат демократски менаџмент преку конгреси на работници и персонал." Ова е социјалистичка демократија во смисла дека партијата верува за себе дека го претставува народот. Ништо од ова нема никаква сличност со Западната демократија и нејзините институции. Господин Кси јасно кажа дека Западен стил на демократија не одговара за Кина, и под негово водство властите силно ги притиснаа адвокатите и интелектуалците кои се залагаа за уставни и демократски права. Независните политички партии се забранети. Ако се има ова предвид, сепак има шанса "демократската" Кина на иднината да изгледа поинаку од она што сега изгледа. Комунистичката партија од време на време менува по нешто во експерименти кои би можеле да доведат до, на пример, стил на владеење како оној во Сингапур, каде се одржуваат општи избори ама доминира една партија. До 2050-та веројатно вистинска демократија би можела да процвета во Кина со благослов од некој иден лидер на Комунистичката партија. Ама за сега "демократска" Кина на г-дин Кси е многу поразлична од дефиницијата на г-дин Абот.

виа Економист

26 ноември 2014 - 16:41