САД излегуваат од Обединетите нации?

Од почетокот на оваа година американскиот Конгрес има сериозен предизвик. Пред себе има закон со кој претседателот би се задолжил да ја извади земјата од членство во Организацијата на обединетите нации. А и овие ќе мора да се селат од таму. И, погодувате, тоа не е сè.

Двајца републикански конгресмени во името на уште неколку свои колеги го предизвикаа Конгресот да се произнесе по нивниот предлог наречен Акт за реставрација на американската сувереност.  Според веб-сајтот на Конгресот, овој акт бил доставен до комисијата за надворешна политика на 3 јануари 2017.

Со него претседателот се обврзува да го прекине членството на САД во ОН, но тоа не е единствениот шокантен елемент - законот го прекинува и американското гостопримство за седиштето на ОН, кое датира од 1947 година, на нивните лица им се укинува дипломатскиот имунитет, се прекинуваат и сите мировни мисии, а би му се ставило крај и на американското членство во Светската здравствена организација.

Доколку помине, законот ќе стапи во сила по две години.

Ако треба да учиме од историјата, а ова мириса многу познато, време е да почнете почесто да се гушкате со блиските.

Бидејќи историјата одеше вака:

1. САД не учествуваат во „Лигата на народите“, си бркаат своја работа, тераат меѓународен изолационизам, но истовремено ја зголемуваат својата воена моќ (штампаат оружје повеќе од кој било друг).

2. Во меѓувреме, во Европа, Русија итн... процветуваат суперпопуларни авторитарни режими, кои неколку години подоцна почнуваат разни конфликтчиња лево-десно.

3. Америка остава сето тоа убаво да разгори, да си ебат мајката меѓу себе, па после некое време оставање - се враќа на голема врата како спасител и помоќна од кога било.

Нек пропадне, није штета...