Рон Пол најавува финансиска апокалипса

„Трамп ќе биде неправедно обвинет за катастрофата“ вели гуруто на американските либертаријанци Рон Пол кој предупредува дека САД и светот се пред уште една, досега најголема финансиска криза која е имплантирана уште во претходната.

Ако му се верува на поранешниот конгресмен и кандидат за претседател ( а досега има погодено доста работи), финансиската апокалипса е пред врата и никој не може нешто битно да стори околу тоа. Рон Пол најавува дека е прашање на време кога ќе пукне и вториот финансиски меур.

Проценката ја базира на фактот што американските федерални резерви за време на претходната криза испечатија милијарди долари без покритие. Тоа тогаш ја спаси Америка но истовремено го вметна вирусот кој хибернираше десетина години и сега е зрел да се распаша.

Како што Обама го обвинуваа за претходната, така Трамп ќе биде обвинет за оваа криза, иако ја нема тој продуцирано. Рон Пол верува дека може да се повлечат потези за ублажување на последиците но се сомнева во луѓето од Вол Стрит кои се вгнездија во првите кругови околу Трамп.

За него излегувањето од Транспацифичкиот договор е добар за заштита на американските интереси но предупредува дека најголем проблем на Трамп во креирањето политики ќе биде неговото гигантско его.

Топ Тен моменти од Рон Пол:

 

4 февруари 2017 - 11:52