Радо иде Германец во војници

Според документ обелоденет од Фајненшел Тајмс, Германија планира да избутка иницијатива за формирање "Европска армија" со единствен генералштаб и заеднички воени ресурси. Јасно ви е кој ќе биде главен.

"Германија е подготвена да влезе решително и суштински и да биде водечка сила во меѓународните дебати...и да преземе одговорност и лидерство," се наведува во документот.

По последната реформа во 2011, Германија брои 185.000 војници од кои 4.000 се надвор од земјата.

Правилото воспоставено по Втората Светска Војна армијата директно да не се вовлекува во воени конфликит вон своја територија првпат беше прекршено во 1999 година кога коалицијата меѓу Социјалдемократите и Зелените предводена од Герхард Шреер реши да не седи настрана од интервенцијата на НАТО на Косово. 

Минатиот декември пак, Германија најави дека ќе земе учество во воената акција против Исис во Сирија.

Ембрион на новата европска армија се гледа во тн Еврокорпс, воена формација од околу 1.000 луѓе стационирана во Стразбур која е оперативна од 1995 година а е создадена од една француско-германска бригада настаната во 1987-ма. Во моментов во неа учествуваат 10 членки на ЕУ а единицита не е под команда на НАТО или друга воена формација.

5 мај 2016 - 09:11