Протечени документи на НСА покажуваат дека руските шпиони шпионираат

25-годишна девојка е обвинета за протекување тајни документи на НСА кои го содржат извештајот за руските обиди за хакирање на американскиот изборен систем на неколку дена пред изборите во 2016.

НСА во документот тврди дека руското воено разузнавање започнало со напад на барем еден американски произведувач на софтвер за гласање и испратило мејлови за фишинг преку доверлив извор до најмалку 100 локални изборни функционери кратко пред почетокот на изборите.

Тврдењата се дека руските хакери навлегле многу подлабоко во американскиот гласачки систем отколку што се претпоставувало.

Интерсепт, кои први ги објавуваат документите,  ја пренесуваат и изјавата на американски разузнавачи кои порачуваат дека заклучоците во документот не мора да значи дека се конечни и предупредуваат да не се вадат премногу заклучоци од анализата.

Заклучоците во протечениот извештај се речиси идентични со оние на разузнавачката заедница по победата на Трамп, според кои Русите и Путин директно се мешале во американските избори.

Според документот, со датум од 5 мај 2017, нападот е извршен од ГРУ, руското воено разузнавање. Учеството на ГРУ според експертите значи дека повеќе не станува збор за прикриени активности како хакирање мејлови или ширење лажни вести, туку дека "многу повеќе личи на сајбер напад".

Документот на НСА тука

6 јуни 2017 - 12:00