Приказната на возачот што го уби генералниот на Тотал

Целата работа звучи како почеток на шпионски трилер - ЦЕО-то на Тотал загинува при заминување од Москва, каде што бил на состанок со Медведев во неговата дача, и каде разговарале за инвестиции и случувањата во Украина. Сведоштвото на одговорниот за несреќата воопшто не го менува почетниот впечаток.

Приватниот авион на Кристоф де Маржери, паднал откако при полетување удрил во едно од возилата за чистење снег, кое нeочекувано излетало на патеката за полетување.

Приказната на Владимир Мартиненков е дека сред возење имал ненадеен дефект со лагерите, и не забележал дека излегол на пистата. Во продолжетокот тој изјавил дека воопшто не го забележал авионот, заради галамата од неговото возило, плус надвор веќе било темница.

Прво истражувачите изјавија дека Мартиненков бил пијан, ама на снимката од неговото испрашување направена со мобилен телефон, се гледа дека тој јасно зборува и е смирен. Неговиот адвокат изјави и дека Мартиненков не пие затоа што има срцеви проблеми.

Возачот веќе 10 години работел на аеродромот Внуково.

23 октомври 2014 - 14:30