Правдата е спора но бавна

Американските претседателски избори во 2000-та година беа доведени во толкав ќорсокак што дилемата мораше да ја разреши Врховниот суд кој донесе одлука во полза на Џорџ Буш. 13 години подоцна, судиите се пишманат. 

Пензионираниот судија на Врховниот суд Џон Пол Стивен изјави дека не била валидна правната логика која преовладала во случајот Буш - Гор  благодарејќи на која републиканскиот кандидат доби мандат да управува со земјата.

Тоа беа исклучително замрсени избори, особено околу сметањето на гласовите. Најспорна беше Флорида која и ги одлучи изборите, со помош на тогашното решение на Врховниот суд кој до 5 гласа за и 4 против донесе одлука во полза на Буш.

Судијата Стивен вели дека сега поинаку би гласал во тој случај и дека таа одлука била спротивна на одредени клаузули на американскиот устав.

Претходно и судијката Сандра О' Конор, исто така блиска до републиканската опција, изрази жалење што Врховниот суд воопшто решил да го разгледува тој случај.

18 мај 2013 - 13:08